Социјалнa економија

„Паблик” е лидер во развојот на целокупниот екосистем во кој оперираат социјалните претпријатија во Македонија. Обезбезбедуваме експертска поддршка и стратешки насоки за сите релевантни чинители во оваа област – јавни институции, локална самоуправа, бизнис сектор.

Спроведуваме истражувања за проценка на постоечките капацитети на социјалните претпријатија, ја оценуваме нивната одржливост, спроведуваме мониторинг на ефектите од активните мерки кои ги таргетираат социјалните претпријатија, со примена на соодветна методологија го мериме влијанието на секторот во општеството и го следиме нивниот капацитет да создаваат добри работни места за ранливи категории граѓани.

Проекти во фокус:

Проект:
Дизајнирање инклузивни работни места за ранливите луѓе – поддршка на претпријатијата да станат инклузивни работодавци

Програма:
Еразмус+
Програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт

Времетраење на проектот: 1 јануари 2023 – 31 март 2024
Грант: 60 000 евра
Партнери: Белгија, ДИЕСИС мрежа

Клучни теми: Вработливост / Надминување на неусогласеноста на вештините и справување со потребите на пазарот на трудот / Соработка помеѓу образовните институции и бизнисот

Цели:
– Да се пренесе знаењето на ЕУ за дизајнирање работно место – како приод за работна реинтеграција
– Да се поддржи вклучувањето на ранливите групи преку зајакнување на нивните патеки/начини за вработување
– Да се оспособат претпријатијата да служат како пример за инклузивни работадавачи
– Да се овозможи заемно учење за нови пристапи кои поддржуваат инклузија и различност во вработувањето

Активности:
– Почетна средба
– Развивање прирачник за помош на социјалните ментори за дизајнирање работни места во претпријатијата
– Студиска посета на членови на DIESIS кои практикуваат процес на дизајнирање работни места
– Обука за ментори за инклузија – социјални ментори со знаење за дизајнирање работни места  
–  Тестирање на методологијата во претпријатијата
– Работилница за валидација помеѓу Паблик и DIESIS мрежата
– Работилница за размена на искуства со носители на политики

Очекувани резултати:
Компаниите да вработуваат ранливи групи – со усвојување на менторството за дизајн на работни места
Ранливи лица со подобрени вештини за вработување
Програмите за обука на возрасни – подобро усогласени со потребите и можностите што ги нудат работодавците

———————

Проект: Мапирање на европската социјална економија: вработување, социјален дијалог и европски столб на социјални права / MESMER+, (Mapping European Social Economy: Employment, Social Dialogue and the European Pillar of Social Rights)


Цели: Проектот има за цел да направи длабинско мапирање на случувањата и главните стејкхолдери во сферата на социјалната економија – од двете страни, работодавачи и вработени, а во рамки на институциите за социјален дијалог и различните индустриски односи во девет земји: Белгија, Бугарија, Франција, Италија, Ирска, Северна Македонија, Полска, Шпанија и Шведска.
Проектните партнери се посветени на принципите содржани во европскиот столб за социјални права, (EPSR, European Pillar of Social Rights)и придонесуваат за неговата имплементација.

Очекувани резултати:
* Девет национални извештаи
* Сет на препораки за политики
* Студија за мапирање
* Три работилници во Европа
* Девет национални лабаратории за политики
* Стартен настан и завршна конференција
* Активности за дисеминација

Целни групи:
– Проектните партнери, здружени организации и нивните мрежи
– Синдикати и организации на работодавачи, со интерес за социјалната економија
– Експерти и академици во областа на индустриските односи и/или социјална економија

Времетраење: 2022 – 2024 година


————————————————————————————————————-


Проект: „Лице в лице“ ЗЕНици: зајакнуваме ранливи, градиме претприемачи

Цели: Унапредување на „Лице в лице“ преку воведување на клучни промени во однос на зајакнување на сопствените капацитети за иновација – преку социјалната технологија за менторство на ранливи млади при работна интеграција, унапредување на услугите кои помагаат за инклузија и вработување, како и преку унапредување на својата инклузивност и соработка со млади (ранливи) лица преку нивно вклучување во управувачката структура, обезбедување можности за работен и волонтерски ангажман;
Со проектните активности, ќе се работи и на ревидирање на содржините во медиумот „Лице в лице“ и комникациите на социјалните мрежи со цел приближување до младата публика, како и воведување на нови услуги за брендинг, ПР и комуникации кон постоечки и кон нови младински социјални претпријатија во насока на поттикнување на овозможувачка средина за младинско социјално претприемништво. Овие активности се во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ спроведуван од: Национален младински совет на Македонија, финанасиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје  преку Instrument for Pre-accession Assistance for Rural Development / EuropeAid/171244/DD/ACT/MK

Општа цел:
Економско зајакнување и развој на социјалното претпријатие „Лице в лице“ преку унапредување на услугите кон млади и ранливи млади лица и зголемување на учеството на млади лица во работата на претпријатието.

Општата цел ќе се постигне преку следниве краткорочни цели:

– Унапредување на иновативните сервиси за зајакнување на компетенциите и капацитетите за работно ангажирање/стажирање/вработување на 10 млади лица во социјален ризик од земјава, со фокус на општините Шуто Оризари и Битола (млади Ром(к)и), млади од сиромашни семејства, млади кои живеат во социјална исклученост, млади со попреченост)
– Унапредување на услугата социјално менторство при работна интеграција за продавачи на „Лице в лице“;
– Унапредување на младинското учество во структурите на социјалното претпријатие „Лице в лице“ Краткоточна цел 3: Да се овозможат нови услуги кон постоечки и нови социјални претпријатија и младински организации во земјава заради поттикнување на овозможувачка средина за младинско социјално претприемништво.

Времетраење:  октомври 2022  – март 2023


_________________________________________________

Реализирани проекти:


1. Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge)

Носител на проектот:
Центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија
Партнери:
– Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, Македонија,
– Центар за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“, Албанија,
– CEED Албанија

Цели:

Подигнување на свеста и едукацијата за социјалното претприемништво меѓу прекуграничното население, релевантните чинители и кај традиционалниот бизнис сектор (ТБС), во двете земји;

Градење на капацитети на поединци и организации за започнување и водење на социјално претпријатие преку обука, менторство, олеснување на можностите за прекугранична и можностите за меѓусекторска соработка и пристап до финансии;

Зајакнување на постојните социјални претпријатија во прекуграничниот регион преку олеснување на контакти и партнерства со традиционалниот бизнис сектор со што ќе се овозможи нивен развој и зголемување на обртот;

Поддршка на вработувањето и самовработувањето на ранливите групи (самохрани родители, долгорочно невработени, лица со посебни потреби) и промовирање на нивната работна интеграција во прекуграничниот регион;

Зајакнување на деловната соработка (особено во прекуграничниот регион) и овозможување пристап до нови пазари.

Времетреање:
01/11/2017 – 30.11.2019

2. Социјалните претпријатија – тежиште на триаголникот: економски раст, општествен развој и социјална инклузија

Донатор: УСАИД – Проект за граѓанско учество

Цели:

  • Креирање позитивен еко систем за развој на социјалната економија во земјава, преку развој, застапување и вмрежување на социјалните претпријатија во С. Македонија.
    Спефицифични цели:
  • Да се зајакнат капацитетите на социјалните претпријатија и граѓанските организации за креирање одржливи работни места за маргинализираните групи преку развој на капацитетите за самоодржливост.
  • Да се застапува за одржлива соработка помеѓу социјалните претпријатија, граѓанските организации и бизнис секторот во развој на партнерства во економска смисла и активности кои се однесуваат на корпоративната општествена одговорност.
  • Да се влијае врз правната рамка во поглед на креирање политики кои ги следат потребите на социјалните претпријатија и вработливоста на маргинализираните групи.
  • Да се поттикнува социјална инклузија, да се реосмисли стратешки приод кон маргинализираните групи за нивно економско јакнење и да се редизајнираат политиките на социјална заштита во насока на поголема партиципатинвност.

Времетраење:
01.08.2017-30.07.2019

Останати реализирани проекти: