Резултати од пристапот за адаптирање на работните места со цел постигнување поголема ефикасност, познат како “job carving”, беа претставени на минатонеделната онлајн средба во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ и на мрежата „Диесис”.

Настанот на кој присуствуваа експерти и претставници на организации од областа на инклузивниот пазар на труд од Македонија и Белгија го отвори Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, партнер на „Паблик“ во реализација на проектот „Дизајнирање инклузивни работни места и поддршка на претпријатијата да станат инклузивни работодавци“.
– Преку оваа иницијатива се работеше на приоритетитетот инклузија, и тоа со кроссекторски пристап. Преку социјалното менторство се намалуваше невработеноста, и она што е уште поважно, овој проект даде фокус на развојот на вештините, што е предзнак на европсксите проекти, заедно со програмите за доживотно учење – нагласи Ѓоргиевски.

Менаџерката на проектот, истражувачката Александра Илоска – Лопарска истакна дека преку оваа иницијатива социјалното менторство (менторство за работна интеграција) е надградено со дополнителни алатки кои особено ќе им бидат од корист на менторите кои што работат со лица со попречености.

„Сите активности беа спроведени во бизнис секторот кој што станува поотворен за вработување потешко вработливи лица, зашто преку социјалното менторство добива поддршка која што придонесува кон одржливи вработувања. Ова е особено важно во период кога се соочуваме со недостаток на работна сила, а бизнис секторот нема ресурси за да овозможи соодветна инклузија – нагласи Лопарска Илоска.

Една од сесиите беше посветена на хуманизација на работните места преку дизајнирање на работните места.

– Џоб карвингот или моделирање на работното место е пристап кој што е фокусиран на извонредноста на поединецот од една страна и на потребата на работодавачот, од друга. Го анализираме системот и препознаваме процес, позиција во која што лицето може да го реализира својот максимален потенцијал. Модлеирањето мора да донесе вин – вин ситуација, бенефит да има и работодавачот и работникот, а повисоката цел е поголема ефикасност, но и задоволство на работното место. Целта ни е да имаме задоволство на двете страни и тогаш знаеме дека добро сме ја завршиле работата – вели Климентина Илијевски,  експерт за инклузивен пазар на труд и извршна директорка на „Паблик“.

Слика за чекорите во процесот на социјалното менторство, донесе и Катерина Мојанчевска, консултант од „Паблик“, која говореше за потребата од адаптација, трансформација и креирање на работната задача според определен контекст во кој е менторираното лице.
– Џоб карвингот не е радикална промена, ама потребна е радикална отвореност кон експериментирање и промени. Важно е да се биде сензитивен кон потребите на процесот, кон непознатото, кон работите кои се нови, а отвореноста носи нови перспективи, но и резултати, нагласи Мојанчевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here