
Во фокус:
Форум на добри компании 2021
Форумот на добри компании е двогодишен настан со формат на интегрирана акција која нуди можности за поврзување и оптимална интеграција на капацитетите на прогресивните деловни субјекти, институциите, социјалните претпријатија и здруженијата на граѓани по пат на трансфер на знаење на светски докажаните методологии за одржливи промени.
Настанот го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во партнерство со Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во Македонија.
Форумот на добри компании (чие прво издание се случи во 2016 година) придонесува во градење партнерства меѓу трите сектори во општеството и ја нагласува улогата на бизнисот во создавањето подобри општества, водејќи се од девизата на професорот на Харвард, Мајкл Потер – „Досега бизнисите правеа профит превејќи проблеми, а бизнисите од иднината треба да прават профит решавајќи проблеми“, алудирајќи на потребата од создавање одржливи бизниси кои во својот фокус ги ставаат луѓето и планетата.
Овогодишното издание на Форумот (15-16.04.2021) ќе биде посветено на: Иднината на работните места. Во рамки на овој сегмент ќе бидат донесени информации за бизнисите во однос на трендовите на работните места, но, ќе се осврне и на важноста за согледување на пошироката слика и учеството на бизнисите во создавањето инклузивни општества.
Листа на реализирани проекти:
- Граѓанското општество – активен или пасивен чинител на општествените промени
Мерењето на општественото влијание и промените кое ги остваруваат третиот сектор и бизнис секторот се третиот програмски столб на истражување на „Паблик“. Асоцијацијата „Паблик“ го креираше првиот иновативен инструмент за мерење на општествена промена на граѓанските организации. Целта на овој инструмент е да им овозможи на граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени. - Форум на добри компании