Тим

Климентина Илијевски
Извршна директорка и главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“

Климентина Илијевски има 18. годишно работно искуство, од кои 14 на раководни позиции. Таа е магистер по медиуми и комуникации и специјалист за одржлив развој. Има екстензивно работно искуство во комуникации, организациски менаџмент, истражување и анализа на јавни политики, како и искуство во развојот на јавни политики и иницијативи за застапување и посредување при партиципативни процеси меѓу различни чинители – претставници од граѓански сектор, владини институции, како и претставници од бизнис секторот.
Селектирани области на експертиза: социјални претпријатија и општествен импакт; одржливо лидерство и одржлив развој; работна интеграција на ранливи групи; право на домување.  


Маја Раванска
Проектна координаторка и одговорна уредничка на „Лице в лице“

Работно искуство во областа на медиумите и комуникациите повеќе од 15 години, од кои 12 во граѓанскиот сектор.
Во Паблик ја води програмата за општествена промена и е одговорна уредничка на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“.
Нејзините професионални активности вклучуваат: градење партнерства , вклучување и ангажман на различни чинители во нашето општество, како и планирање и развој на платформата за одржлив развој „Лице в лице“, која се фокусира на истоименото пионерско социјално.
Планирала, развивала, консултирала и организирала различни кампањи за иницијативи и проекти од областа на општественото влијание, социјалното претприемништво, социјалната инклузија и културата.
Магистрантка е на МБА менаџмент при Економскиот факултет Скопје и има специјализација за „Екосистем за претприемништво и иновативни стратегии“ во склоп на „Ерасмус+“ од меѓународната микро мастер програма „[email protected]“ на ДОБА Факултетот од Марибор, Словенија, Факлтет за комуникации при Универзитетот од Истанбул, Институтот за комуникациски студии од Скопје и Универзитетот „Вјтаутас Магнус“ од Каунас, Литванија.


Александра Илоска
Истражувачка

Над 5 годишно искуство како истражувач. Дипломиран економист на Универзитетот за применети науки-Фонтис-Холандија. Има професионално искуство во развој на јавни политики и активности за застапување и лобирање во областа на социјалната инклузија и развојот на граѓанското општество.
Нејзините истражувачки и професионални интереси се: социјална економија, сиромаштија, работна интеграција на ранливи категории граѓани, систем на социјална заштита во Македонија и право на домување.


Анета Ристеска
Kоординатор за комуникации и заменик главен и одговорен уредник на „Лице в лице“

Главна одговорност на Ристеска е изнаоѓање иновативни методи на комуникација и застапување на социолошките феномени кои се во фокус на програмите на „Паблик“, како и во приближувањето на решенијата и наодите на Асоцијацијата, базирани на истражувања – до сите општествени актери.
Од стартот, од 2012 година, континуирано придонесува во креативата на програмите „Лице в лице“, за подигнување на јавната свест за важни општествени прашања. Таа е заменик главен и одговорен уредник и има носечка одговорност во креирањето на концептот на содржини на изданијата на списанието и платформата за одржлив развој, „Лице в лице“.
Нејзино поле на дејствување се комуникациите и креирањето контент, а зад себе има повеќе од 15 години искуство како новинар и уредник во дневни печатени и дигитални медиуми, со акцент на истражувања и анализи на културните политики. Има работено како професор по книжевност, а во моментов е на магистерски студии: студии на политики, на Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје.


Магдалена Чадиноска Кузманоски
Проектна координаторка и социјална меторка за работна интеграција

Чадиноска Кузманоски e дипломиран социјален работник, и е дел од тимот на „Паблик“ од 2021 година. Таа ја координира  програмата на „Паблик“ за социјална инклузија која што вклучува два клучни сегменти –  социјалната иновација развиена од „Паблик“ – социјално менторство (менторство при работна интеграција) и интеграцијата на продавачите на „Лице в лице“. Во исто време таа работи и како социјална менторка и е една од првите сертифицирани ментори за работна интеграција во земјава. Има претходно работно искуство како социјален работик во дом за деца без родители и родителска грижа, „Casa St Iosif“, во Одорхеи, Романија.
Во моментов е на магистерски студии по клиничка психологија.