Добро управување

Во нашиот пристап во работата, се водиме од премисата дека не можеме да ги решиме предизвиците ако делуваме на начинот на кои тие биле создадени. Затоа, меѓу столбовите на „Паблик“ е и принципот на добро управување кое води кон иновација, што подразбира и примена на еднаквост и праведност во поглед на креирањето решенија.

Асоцијацијата „ПАБЛИК“ како дел од својата мисија, во континуитет работи на унапредување на доброто управување, а во насока на промoвирање транспаретност, еднаквост, ефикасност во носењето на одлуките и заштита на интересот на сите засегнати страни, со собен фокус на ранливите категории граѓани кои ги застапуваме.

Во рамките на Асоцијацијата, доброто управување е интегирано на сите нивоа и истото го применува преку следните принципи:

1. Партиципативно носење одлуки, мониторинг и краткорочно/среднорочно планирање
„Паблик“ делува преку три формални органи: Собрание, Управен одбор и Извршен директор. 

2. Организациска отчетност
Oвој принцип е овозможен првенствено преку Статутот на организацијата, мисијата, визијата и вредностите, како и преку внатрешни процедури и политики кои го регулираат секојдневното работење на организацијата, финансиското и административното работење, надворешните финансиски ревизии и редовното известување кон јавноста и засегнатите страни.

3. Партиципативност и инклузивност
Ова претставува клучен сегмент во нашето работење, пред сè поради директната работа со ранливи сограѓани (програма Лице в лице и програма Социјално менторство).

Собранието е сочинето од 17 членови кои одлучуваат за промената на целите, стратешките приоритети и целокупното работење на организацијата. Собранието е највисок орган на организацијата и дел од неговите улоги се и донесување, промени и надополнувања на статут,  одлуки за внатрешната организација и организационите форми, избирање и разрешување на членови на органите, разгледување, усвојување и одобрување на годишните финансиски и наративни извештаи на организацијата. Се состанува, еднаш во текот на годината.

Управниот одбор (УО) е одговорен да ја надгледува работата на организацијата и на извршниот директор. Во име на Собранието, УО осигурува дека плановите, активностите и опсегот на задачи се со највисок квалитет, реагира во итни случаи и предизвици и делува како пријател кој дава добронамерна критика. УО известува на Собранието.

Управен одбор со мандат од декември 2022 – декември 2026 година
– Стојан Дебарлиев
– Ивана Томовска
– Душан Павловски

Стојан Дебарлиев

Стојан Дебарлиев
Професор на катедрата по менаџмент на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Докторира во 2011 година на тема: ,,Mетодите и техниките за стратегиско планирање и ефективноста во работењето во претпријатијата”, со што се здобил со научен степен доктор на економски науки од областа на бизнис менаџмент.
Неговиот едукативен и истражувачки интерес е во областа на бизнис планирањето, стратегиите, бизнис моделите, претприемништвото и меѓународниот менаџмент на човечки ресурси. Тој е автор на универзитетски учебници, како и повеќе научни и стручни трудови. Има одржано бројни предавања на летни школи, работилници, семинари и други видови на научни и професионални собири. Активно предава на прв, втор и трет циклус студии.

Ивана Томовска

Ивана Томовска
Ивана е Чивенинг алумна од University College London со пост-димпломски студии од областа на Политика, безбедност и интеграции и додипломски студии од меѓународни односи/политички студии од Американскиот Универзитет во Бургарија. Има работно искуство од преку 12 години во меѓународни организации, како што е Шведската агенција за развој и проектот за алтернативно разрешување на конфликти од International Finance Corporation (IFC). Од 2010 г., Ивана е Програм менаџер во американскиот Мировен корпус, каде што дава поддршка на локални организации кои активно работат на развој на нивните заедници.
Има опширно искутсво во областа на проектен циклус менаџмент, истражување и мониторнинг и евалуација на програми. Други интереси има во областите: активно граѓанско учество, развој на локална власт, добро владеење, човекова безбедност и развојни стратегии.

Душан Павловски

Душан Павловски
Мотивиран професионалец кој е фокусиран на проширување на инвестициите и економскиот развој кој располага со широка мрежа на странски и домашни инвеститори, компании и меѓународни организации.
МБА дипломата за генерален менаџмент од Униерзитетот Шефилд во Солун, Грција, тој ја заврши токму со магистерската дисертација на тема „Фактори за успех на социјалните претпријатија во Република Македонија“.
Неговото одлично познавање на институционалниот и правен сетинг на земјите од западен Балкан и на земјава, со фокус на бизнис климата, ЕУ релациите и странските инвестициски политики. Има искуство работејќи со различни засегнати страни – приватни бизниси, државни институции, меѓународни граѓански организации.
Пасиониран е кон продлабочување на сопствените знаења и искуства.
Член е на Управниот одбор на „Паблик“ од  јануари 2019 година.