На крајот од февруари, во Центарот за социјални претпријатија во Скопје се одржа средба на која беа разгледани сите следни чекори на МЕСМЕР+ проектот.
Со партнерите во овој проект, („Мапирање на европската социјална економија: вработување, социјален дијалог и европски столб на социјални права / #MESMER+), беше разговарано за аспектите на прецизно мапирање на социјална економија во девет целни земји.

Проектот има за цел да направи длабинско мапирање на случувањата и главните стејкхолдери во сферата на социјалната економија – од двете страни, работодавачи и вработени, а во рамки на институциите за социјален дијалог и различните индустриски односи во девет земји: Белгија, Бугарија, Франција, Италија, Ирска, Северна Македонија, Полска, Шпанија и Шведска.

Проектните партнери се посветени на принципите содржани во европскиот столб за социјални права, (EPSR, European Pillar of Social Rights) и придонесуваат за неговата имплементација.

Повеќе фотографии – на линкот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here