Социјална инклузија

Анализа на индикаторите кои ја отсликуваат социјалната инклузија и остварувањето на социјалните права во Македонија, претставува првиот програмски столб на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик”.
Наше поле на интерес: пристапот до пазарот на труд на ранливи категории граѓани и последиците што ги носат долгорочната невработеност, ограничените можности за образование, исклученоста од правото на домување и социјалната нееднаквост.

Проекти во фокус:


1Промовирање на социјално менторство како меѓусекторски партнерски пристап за промоција на вработување на ранливите групи (февруари 2023 – јуни 2025)

Во партнерство со:
Германско друштво за интернационална соработка – ГИЗ

Цели:
– Зголемена вработливост на ранливите лица кои учествуваат во програмата за социјално менторство
– Оспособени приватни компании (кои го применуваат социјалното и професионалното менторство) за да вработуваат лица од ранливите групи.
– Договорени чекорите за институционализација на социјалното менторство како ефективен пристап за вработување на обесправените групи.

2.Поддршка и застапување за вработување на маргинализирани групи во Македонија и регионот

Во партнерство со:
Германско друштво за интернационална соработка – ГИЗ

Цели:
Охрабрување и зајакнување на социјаните претрпијатија, граѓанското општество, јавните институции и бизнис секторот во земјата да придонесат во реформскиот процес на социјалниот систем преку обезбедување на одржливи економски можности, застапување и вмрежување кое подобро одговара на потребите и предизвиците со кои се соочуваат маргинализираните групи на отворениот пазар на труд.

3. POW-Bridge: Премостување на јазот помеѓу законодавството и практиката при упатување на работниците во странство
Повеќе информации за проектот – на линкот

4.Програма: Социјално менторство (менторство за работна интеграција)

„Паблик“ верува дека комбинирањето на неформалното образование со инклузивноста може да биде соодветна стратегија за ублажување на социјалната исклученост на пазарот на трудот. Со примена на пристап ‘од долу нагоре’ во напорите за постојано учење за промени и активности, „Паблик“ констатитра дека има потреба од индивидуално менторство и групна работа што ги подготвува поединците за учество на отворениот пазар на трудот. Како резултат на тоа, создадовме контекстуализирана програма за менторство за водење и советување на лица насловена како „социјално менторство“.
Таа овозможува профилирање на професионален персонал (социјални работници и психолози) и со стекнување вештини за работа со исклучени групи од пазарот на трудот – со цел: јакнење на нивните работни вештини и вештини за самодоверба и самореализација.

Секоја маргинализирана група се соочува со различни бариери и предизвици при влегување или реинтеграција на редовниот пазар на трудот.
Целта на социјалното менторство е да се мотивираат луѓето кои се најмаргинализирани и најоддалечени од пазарот на трудот, фокусирајќи се на нивните силни страни и потенцијал. Во некои случаи, учесниците напредуваат кон вработување, обука или дообразование, додека други добиваат зголемена самодоверба и зголемена сила и подготвеност да учествуваат во понатамошните можности за саморазвој.
Очекуваните резултати не се само во активностите на пазарот на трудот. Земајќи го предвид нивото на социјална исклученост на некои групи граѓани, ваквите резултати го подобруваат квалитетот на животот, а понатамошното образование и зголемените социјални и основни вештини може да бидат чекор кон потенцијална вклученост на пазарот на трудот.

Проектот се спроведува во партнерство со:
Германско друштво за интернационална соработка – ГИЗ

Цели:
*Зголемување на потенцијалите за вработување 20 Роми, млади и лица со попреченост преку:

  • согледување на факторите кои што го отежнуваат влегување на пазарот на труд и афинитетите на лицата;
  • изработка на индивиуални планови за вработување на и развој;
  • комуникација со бизнис сектор или посреднички пазар на труд;
  • подготовка и следење во процесот на интеграција согледувајќи ги и навремено реагирајќи на пречките што го отежнуваат процесот;
  • подготовка и инструменти за следење на интегративниот процес од страна на организацијата/ компанијата.

*Изработка на оперативен протокол за активација и мотивирање, и транзиција и задржување на работа на отворениот пазар за труд на ранливите групи граѓани.

Менторот за работна интеграција е линкот помеѓу лицето и бизнис заедницата (отворен или посреден пазар на труд) и вклучува советување, помош и следење во текот на адаптација на работно место.

Досегашни резултати:
– Изготвен Водич за менторство за работна интеграциј
– стандардизиран профил на занимање во Национална класификација на занимања – ментор за работна интеграција
– создадена едукативна програма за профилирање на ментори.

Во моментов, ПАБЛИК во соработка со ГИЗ Канцеларијата во Скопје, ја пилотира едукативната програма и ја создава првата регионална група на ментори за работна интеграција, од кои двајца ментори се од Северна Македонија.

Проектни активности:
Активност 1: Тренинг за група од 10 ментори за работна интеграција (во период од 6 месеци, вклучувајќи комбинација на теориски и практичен пристап во менторирање на 20 лица од маргинализирани групи);

Активност 2: Работна интеграција на 20 менторираните лица на отворен или посреднички пазар на труд, преку партнерства со компании, заштитни друшта и социјални претпријатија (во период од 6 месеци);

Активност 3: Супервизија на менторите и поддршка во процесот на водење (во период од 12 месеци);

Активност 4: Споделување на знаење со други даватели на услуги за зголемување на вработливоста на лица од маргинализирани групи (настан на вмрежување)

Активност 5: Евалуација и документирање на ефекти и научени лекции.

5. Можности за економска реинтеграција преку социјално менторство за жени жртви на насилство

Временска рамка: септември 2021 – февруари 2023

Поддржан од UN Women, во склоп на втората фаза од регионалната програма „Ending Violence against Women: Implementing Norms, Changing Minds”

Кусо инфо:
Eкономската независност
на жените кои претрпеле насилство и семејно насилство (violence against women – VAW, domestic violence – DV) е препознаена како главна бариера што ги спречува да го остават насилниот партнер и да обезбедат одржливи алтернативи за себе и за своите деца. Затоа, сервисите за поддршка треба да бидат во склад со активности кои се фокусираат на постигнување економска независност, како и процес на воспоставување самодоверба и вредност за себе.

Методологијата за социјално мeнторство (менторство за работна интеграција) пак, е социјална иновација создадена од страна на „Паблик“, а произлезена од потребата за водење и советување за полесен влез и останување на пазарот на труд, особено на оние кои што се најдалеку од него, фокусирајќи се на нивните афинитети и  потенцијали. Станува збор за приод кој опфаќа алатки што им овозможуваат на тешковработливите лица да ги препознаат своите силни страни, да бидат мотивирани и охрабрени да се вклучат на пазарот на труд, и клучно, да се задржат таму. Менторството, во оваа смисла, подразбира ресоцијализација преку економска реинтеграција.

Преку овој проект, „Паблик“, ќе вклучи 15 жени кои, под водство на ментори за работна интеграција (социјални ментори) ќе целат кон нивно лично и економско зајакнување, поттикнување и развивањe капацитети, како и можности за постигнување економска независност.

Проектот ќе прилагоди пристап на социјално менторство кој ги води жените во идентификување на професионалните интереси, зајакнување и развој на вештини, градење самодоверба и самореализација, поттикнување на капацитети за самовработување или препознавање  можности за интеграција на  отворениот или пак на посредничкиот пазар на труд.

Outputs:

1. Избраните социјални ментори се способни да обезбедат услуги за менторска поддршка за жените кои преживеале насилство

2. Методологијата за социјално менторство е успешно прилагодена на целните корисници

3. Жените ги имаат стекнато потребните вештини за вработување за да се реинтегрираат на пазарот на трудот

Проектни активности:

* Истражување за да се мапираат успешни модели на (ре)интеграција на ранливите категории жени

  • Преглед и прилагодување на методологијата Социјално менторство за да одговори на потребите на жените кои преживеале насилство
  • Интензивна комуникација со партнерски организации и ГО кои работат со жени жртви на насилство
  • Тренинг за социјални ментори
  • Дефинирање алатки за мониторинг и евалуација
  • Дефнирање на процес на супервизија (групна и индивидуална супервизија за социјалните ментори)
  • Мечинг помеѓу социјални ментори и менторирани лица
  • Активности за здобивање вештини, според индивидуален план на секое менторирано лице
  • Организирање приспособени менторски активности за работна интеграција за 15 жени
  • Известување за процесите на промена од МиЕ
  • Следење на мечингот помеѓу социјалниот ментор и менторираното лице
  • Обезбедување практична поддршка од проектниот тим на социјалните ментори преку супервизија 

    6. WINS (Информирање и консултирање на работниците во време на промени“ )
    Проектот WINS има за цел да го промовира вклучувањето на работниците во претпријатијата за социјална економија  (SEEs) во Европа. Исто така, ја зајакнува транснационалната соработка помеѓу претставниците на работниците и работодавачите, како и помеѓу претпријатијата од социјалната економија и синдикатите во врска на вклученоста на вработените. Покрај тоа, WINS ги охрабрува вработените да ги знаат нивните права на информации, консултации и учество („права на ICP“) кога работат во традиционален бизнис или во социјално претпријатие, како и правата и обврските кога ќе станат вработени или сопственици на фирма во сопственост на работниците.

    Политички контекст
    Проектот WINs е посветен на ширење на законодавството на ЕУ за учество на работниците во претпријатијата, вклучувајќи ја директивата 2003/72/EC[1] за учество на вработените во Европското кооперативно друштво и за учеството на вработените на национално ниво, особено Директивата 2002/14/EC[2]  за воспоставување на општа рамка за информирање и консултирање на вработените.На овој начин се придонесува кон исполнување на целите на Европскиот столб за социјални права,  а особено на неговиот Принцип 8 (b) „Работниците или нивните претставници имаат право навремено да бидат информирани и консултирани за прашања што ги засегаат, особено за трансферот, реструктуирањето и спојувањето на компаниите и за колективните отпуштања“.

  • Платформа за знаење и учење:
    Платформата за знаење/учење за проектот WINS (https://www.wins-project.eu/the-knowledge-platform) е платформа за органски раст која собира материјали поврзани со правата на ICP, особено за работниците или членовите на работниците во претпријатијата од социјалната економија. На оваа платформа можете да најдете содржини организирани по категорија (правни документи, добри практики, проектни материјали, работилници и други материјали за проектни настани, написи и новости за поврзани проекти) и по земја/географска област (Италија, Шпанија, Северна Македонија, Словенија, Бугарија, и други земји на ниво на ЕУ).

    Партнери:
    • COCETA– ConfederaciónEspañoladeCooperativasdeTrabajoAsociado (España)
      // Шпанска Конфедерација на Здружени Работни Задруги (Шпанија)//
    • DiesisNetworkTheEuropeanEcosystemforSocialEconomyEnterprises
      //DiesisNetwork Европски Екосистем за Претпријатија од Социјалната Економија//
    • CISL– ConfederazioneItalianaSindacatiLavoratori (Italy)
      //CISL-Италијанска Конфедерација на Работнички Синдикати (Италија) //
    • ASES– AssociationSocialEconomySlovenia (Slovenia)
      //ASES Асоцијација Социјална економија Словенија (Словенија) //
    • Public – Association for research, communications and development (NorthMacedonia)
    • ПАБЛИК- Асоцијација за истражување, комуникации и развој, (Северна Македонија) //
    • LegacoopProduzione(Italy)
      //Legacoop Производство и Услуги (Италија) //
      Придружни партнери:
    • CECOP– Europeanconfederationofindustrialandservicecooperatives (EUlevel)
      //CECOP- Европска конфедерација на индустриски и услужни задруги (ниво на ЕУ) //
    • CCOO– Confederación Sindical de Comisiones Obreras (Spain)
    • Euro Alliance(Bulgaria)
    • Svobodni Sindicat Slovenije (Slovenia) 

    [1]https://eur-lex.europa.eu/legal-content/en/ALL/?uri=CELEX%3A32003L0072
    [2]https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/ALL/?uri=celex%3A32002L0014

    WINS Leaflets (available in English, Italian, Spanish, Slovenian and Macedonian)
    Македонска верзија

    WINS Brochures (available in English, Italian, Spanish, Macedonian and Slovenian)
    Македонска верзија 7. „Лице в лице со различностите“

    Временска рамка: април – септември 2022 година

    Поддржан од: Институт за комуникациски студии

    Кусо инфо: 

    Прашања во фокус се различности, женски прашња, малцински права, а проектните активности имаат за цел да обезбедат придонес во поттикнувањето на толеранцијата и инклузијата меѓу граѓаните во регионот на Струга и Охрид, но, и на национално ниво.
    Главен партнер на Платформата за одржлив развој „Лице  в лице“ во зајакнувањето на позицијата на локалните граѓански организации во споменатиот регион, но, и на младите новинари, е Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга. Во мисијата да се постигне позитивно менување на јавната перцепција во однос на различностите, најпрво ќе бидат мапирани локални засегнати страни (граѓански организации и новинари), кои ќе бидат вклучени во продукција на медиумски содржини кои ќе отворат бројни прашања што ја засегаат локалната јавност, но, и пошироко, со главен предзнак: различности.Сите подготвени содржини ќе бидат споделувани на веб страницата на „Лице в лице“, во печатеното издание на списанието за одржлив развој, на социјалните мрежи на „Лице в лице“ и „Порака Нова“, како и на каналите на медимуите – партнери, кои ќе го прифатат предизвикот за свој придонес во овој проект.
    Сите овие активности ќе бидат придружени и со кампања на социјалните медиуми, Facebook, Instagram, Twitter и Linkedin на партнерските организации.

———————————————————————————————


Реализирани проекти: