Членство во платформи и мрежи
„Паблик“ е дел од повеќе меѓународни истражувачки мрежи, платформи за активизам и друг вид мрежи преку кои влијае не само на национално, туку и на регионално и меѓународно ниво.
ICSEM
Истражувачи на „Паблик“ во текот на 2014 година, станаа членови на ICSEM- Интернационална мрежа на компаративни модели на социјални претпријатија, во која како истражувачки партнери учествуваат над 58 земји од светот.
Околу 45 професори и истражувачи од белгиските универзитети од сферата на економијата, социологијата и психологијата и четири интернационални истражувачки партнери се инволвирани во развојот на целокупната методологија и мрежа. Фокусот на оваа мрежа е на развојот на интердисциплинарно и интегрирано знаење за социјалното претприемаштво и социјалното претпријатие (или скратено SOCENT). SOCENT истражувачката програма покрива неколку тематски линии, помеѓу кои и Интернационалната мрежа на компаративни модели на социјални претпријатија, која се спроведува во партнерство со EMES- Европската истражувачка мрежа.
Мрежата на социјални претпријатија на Македонија
„Паблик“ е координатор и меѓу основачите на Мрежата на социјални претпријатија. Мрежата претставува платформа за комуникација и за соработка меѓу различните социјални претпријатија, застапува унапредување на јавниот имиџ на секторот, обезбедува соработка и мултисекторски партнерства со други суштински фактори на национално и на регионално ниво и на ниво на ЕУ. Мрежaта поттикнува и размена на добри практики и интерсекторско поврзување, што на долг рок го поттикнува и интересот на јавноста за секторот.
Diesis scrl-fs
Diesis scrl-fs е европска мрежа специјализирана во обезбедување поддршка за развојот на социјалната економија и социјалните претпријатија во Европа. Станува збор за една од нашироките мрежи во рамки на ЕУ која е специјализирана за поддршка на развојот на социјалната економија и социјалните претпријатија во 13 земји
Европска повелба на истражувачи
Во 2015 година, „Паблик“ ја потпиша декларацијата за посветеност на принципите и препораките на Европската повелба на истражувачи и кодекс на однесување за вработување на истражувачи.
Меѓународна мрежа на уличен печат- ИНСП
Основана во 1994 година, Меѓународната мрежа на уличен печат го поддржува развојот на надц 114 улични списанија во светот, во 35 земји на 24 јазици, со вкупна читаност од 6 милиони читатели. Со ваква публика, ИНСП претставува еден од најголемите и најсилните поборници во борбата против социјалната исклученост, бездомништвото и сиромаштијата.
„Лице в лице“ е член на оваа мрежа од март 2013 година.
ФЕАНТСА
ФЕАНТСА (FEANTSA)- Европската федерација на национални организации кои работат на набљудување на и отценување на нивото на бездомништво во Европа во согласност со ЕТХОС типологијата. „Паблик“, како членка на оваа мрежа, го спроведе првото истражување за бездомништвото во земјава, со што дојде до први податоци за оваа проблематика кај нас.
Мрежата на медиумска писменост на Република Македонија
„Паблик“ е меѓу основачите на Мрежата на медиумска писменост на Република Македонија, која во април 2017 година се формираше на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Мрежата е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани.