Секторот на социјалната економија во Северна Македонија се соочува со предизвици во одржувањето на партиципативно управување и ефективен социјален дијалог – поради лошиот економски развој и недостаток на регулаторни рамки и развиени екосистеми.
Ова е еден од заклучоците на публикацијата која претставува Извештај за Северна Македонија врзана за развојот на социјалната економија во земјава, подготвена во рамки на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, “Паблик“, од авторките Климентина Илијевски и Александра Лопарска Илоска, насловена:  Mesmer + / Mapping European Social Economy Employment Social Dialogue and the European Pillar of Social Rights / ​Country Report North Macedonia. 

„Учеството на социјалните претпријатија во социјалниот дијалог е фрагментиран, а сегашните политики и стратегии не обезбедуваат мерки за промовирање или зајакнување на капацитетите на релевантните мрежи. Фрагментираниот карактер на социјалниот дијалог, недостатокот на овозможување одредби на ниво на политика и отсуството на систематски податоци за социјалните претпријатија ја истакнуваат потребата од сеопфатни стратегии и регулаторни рамки за зајакнување на секторот на социјалната економија и нејзината улога во индустриските односи и социјалниот дијалог“, стои во Извештајот. 

Повеќе информации – во самата публикација, (линк). 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here