Инструмент за мерење длабочина на бездомништвото

Бездомништвото е процес што поминува низ фази, кои имааат различно ниво на загрозување на поединецот. Прагот или нивото на загрозување означува степен на кој се насобрани негативните елементи или влијанија на средината во која живее единката. Синдромите што го отсликуваат бездомништвото имаат различни индикатори.

Средната аритметичка средина на сите синдроми ќе даде слика на кој праг припаѓа одредениот бездомник.

Бординг (граничен) праг / повеќе од 3,5
Загрижувачки праг / 2,5 – 3,5
Критичен праг / помалку од 2,5 / на загрозување на нивната состојба

Синдром индикатори со скала
Материјални услови   5 – постојано вработен
4 – сезонска работа
3 – социјална помош, помош во натура од НВО, верски организации и бизнис сектор
2 – инцидентни ангажмани
1 – не работи

* Во сезонска работа влегува и продажбата на уличното списание „Лице в лице“
Живеалиште 5 – супстандардни услови
4 – со закана од иселување или сместување кај роднини и пријатели
3 – сместување во прифатилиште / центар,
2 – живее на улица и ги користи услугите на пунктот на Црвен крст
1 – живее на улица и не ги користи услугите на пунктот на Црвен крст
Здравје 5 – здравствено осигурен
4 – користи здравствени услуги на Црвен крст
3 – користи здравствена услуга само во ургентни ситуации
2 – самостојно се лекува
1 – не се лекува
Пороци 5 – не употребува алкохол, дрога и други психотропни супстанции
4 – пуши цигари во зголемена доза
3 – инцидентно употребува алкохол/дрога
2 – често употребува алкохол/дрога
1 – постојано употребува алкохол/дрога
Надворешен изглед 5 – скромен ,чист
4 – скромно облечен, извалкан
3 – чист, несоодветно облечен
2 – валкан, несоодветно облечен, запуштен
1 – крајно нехигиенски, парталав изглед
Контакти 5 – редовно посетува и е посетуван од роднини и од пријатели и редовно ги посетува институциите за помош
4 – роднините и пријателите го посетуваат лицето, но не и тоа нив, а лицето редовно ги посетува институциите за помош
3 – повремен контакт со роднини, пријатели или со институции
2 – контакт со други во исклучителни ситуации
1 – нема контакт

 

Пример: Во Центарот за социјална работа се јавува бездомно лице, примател на социјална помош (3), ги користи услугите на пунктот на Црвен крст (2) не се лекува(1), инцидентно употребува алкохол/дрога (3), валкан, несоодветно облечен, запуштен (2), контакт со други во исклучителни ситуации (2).Резултат: 13 : 6 = 2,1 што означува критичен праг.

Мерки во зависност од прагот на длабочина на бездомништвото Граничен (бординг) праг 1. Превентивните форми на дејствување кон бездомниците се однесуваат на пазарот на трудот и на домувањето. На лица со симптоми за влез во бездомништво, веднаш треба да им се понуди некој вид работа. Посебно внимание треба да се обрне на семејствата што живеат во супстандардни услови, во нелегални живеалишта, односно на семејства кај кои постои ризик да го загубат својот сопствен или изнајмен дом. Загрижувачки праг – идентификација на ризични групи лица и преземање на сите можни мерки во случаите каде што се забележуваат симптоми на влегување во бездомништво. Посебна улога овде имаат центрите за социјална работа, патронажната служба, патролните социјални работници на Град Скопје и верските заедници. (Главните активности се однесуваат на детален преглед на приходите, живеалиштето, имотната состојба, работата, семејството, здравственото осигурување). Критичен праг – обезбедување живеалиште,(Центар за бездомници со нова концепција или тренинг-живеалиште со поддршка – терапевтска заедница) Обезбедување храна, облека, здравствена заштита Во институциите за бездомници задолжително треба да се организира едукација – со професионална и со психолошка димензија. На жителите во центрите и во тренингживеалиштата треба да им се обезбеди работен ангажман (курсеви, работилници, обуки), тренинзи што ќе им ги подобрат нивните работни навики што ќе им овозможи да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Според практиката во други земји за бездомниците може да се обезбеди личен асистент, кој од позиција на другар и помошник го враќа бездомникот во општественото живеење.

Повеќе на следниот линк: bezdomnistvo.mk