Општествено влијание


Форум на добри компании

Форумот на добри компании е двогодишен настан со формат на интегрирана акција која нуди можности за поврзување и оптимална интеграција на капацитетите на прогресивните деловни субјекти, институциите, социјалните претпријатија и здруженијата на граѓани по пат на трансфер на знаење на светски докажаните методологии за одржливи промени.

Настанот го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во партнерство со низа чинители.

Следното издание на Форумот, петто по ред е предвидено да се одржи во септември 2024 година.

Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) во Македонија беше меѓу партнерите во организација на Форумот во 2021 година, а ќе биде и на изданието од 2024 година.

Форумот на добри компании (чие прво издание се случи во 2016 година) придонесува во градење партнерства меѓу трите сектори во општеството и ја нагласува улогата на бизнисот во создавањето подобри општества, водејќи се од девизата на професорот на Харвард, Мајкл Потер – „Досега бизнисите правеа профит превејќи проблеми, а бизнисите од иднината треба да прават профит решавајќи проблеми“, алудирајќи на потребата од создавање одржливи бизниси кои во својот фокус ги ставаат луѓето и планетата.

Последното издание на Форумот (15-16.04.2021) беше посветено на: Иднината на работните места. Во рамки на овој сегмент беа донесени информации за бизнисите во однос на трендовите на работните места, но, се осврнавме и на важноста за согледување на пошироката слика и учеството на бизнисите во создавањето инклузивни општества.


Листа на реализирани проекти:

  • Граѓанското општество – активен или пасивен чинител на општествените промени
    Мерењето на општественото влијание и промените кое ги остваруваат третиот сектор и бизнис секторот се третиот програмски столб на истражување на „Паблик“. Асоцијацијата „Паблик“ го креираше првиот иновативен инструмент за мерење на општествена промена на граѓанските организации. Целта на овој инструмент е да им овозможи на граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени.