Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини.

Опис на ангажманот
Соработникот/соработничката за социјални мрежи и дигитални содржини кој/а ќе биде вклучен/а во овие активности ќе го предводи создавањето содржини за веб платформата на „Лице в лице“, како и за различните профили на социјални мрежи на медиумот, промовирање на свеста за прашањата за дигиталните права и ангажирање на пошироката јавност.
Ангажманот треба да биде во перидот од април до септември 2025 година. Ангажираното лице се очекува да посвети 50% од работното време месечно на проектот.

Повеќе информации на линкот од Повикот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here