Две лица со попреченост во малиот град Власотинце, на југот на соседна Србија, поддржани од нивната социјална менторка беа меѓу клучните луѓе да го разработат социјалното претпријатие – сервис за перење, „Периленд“, што нуди единствена услуга со двоен бенефит.

Откако нивната социјална менторка, Јелена Станковиќ го стави фокусот на нивните способности, наместо на тоа што тие не можат, Кет и Нона  беа работно ангажирани во новоотвореното социјално претпријатие – сервис за перење алишта, отворено во рамки на организацијата „Осмех“. Фактот дека директно учествувале во создавањето на новиот сервис за перење алишта, и дека токму со нив заедно, една идеја растела и се развивала, од дополнителна услуга во социјално претпријатие, им дала дополнителен полет и мотивација да продолжат да работат, дури и тогаш кога не оди сѐ според планот.

– Развивањето на овие вештини е од голема важност, и не им е придонес само ним, во професионаалниот или приватниот живот, туку и за самото социјално претпријатие во целата организација, а посредно и за системот во целина. Затоа што и двете, преку социјалното менторство, добија прилика да ги разбијат предрасудите за лицата со попреченост. И со ситно, но, сигурно чекори во тоаа успеваат секојдневно – вели Јелена.

Социјалната менторка Станковиќ им беше партнер за надминување на сите пречки на патот до нивната работна интеграција. Кај Јелена клучен фактор за постигнатите промени и животи кај лицата со попреченост е страста позитивно да делува на нивното секојдневие, но, и способноста и вештината да препознае какви потенцијали кријат ранливите лица.

– Две прекрасни, а погрешно перципирани личности, само низ призма на нивниот хендикеп, имаа можност да покажат дека вредат многу повеќе од тоа што заедницата го гледа. И дека не се ограничени од својата состојба, туку од пречките кои општеството им ги поставува – вели Јелена.

Не е реткост, додава таа, луѓето со попреченост да бидат лимитрани токму од предрасудите и од стигматизацијата кои ги опкружуваат.

– Тоа посебно доаѓа до израз во помали места и во неразвиени средини, каде постојат и ограничени ресурси врзани за здравствена зашита, образование, пристапна инфрастуктура, можности за вработување. Затоа, беше и разбирливо, зошто менторираните лица со кои работев, на почетокот беа многу внимателни, резервирани, ама и несигурни во себе и во можноста дека што било може да се промени- објаснува Станковиќ.

Ниска самодоверба, чувство на беспомошност, но, и избегнување конфликт, до граници на покорност. Ова се само накусо карактеристиките на Кет и Нока, оние старите, пред да почнат да работат со Јелена, меѓу другото, и на зајакнувањето на сопствената слика за себе.

– Уште при првите средби, разговорот го започнуваа со тоа што не можат да направат, и во што ги ограничува нивната попреченост. Беа потребни многу состаноци и работа со нив за да стигнеме до тоа што сѐ тие можат да направат, и дека тоа не е важно да ми го кажат мене, туку себе си- зборува Јелена за процесот на работа.

Прифаќањето во работната средина е друг клучен фактор за успех и промена.
Кет и Нока биле целосно прифатени од вработените во „Осмех“и без никакви предрасуди, рамноправно вклучени во тимот.

– Поддршката што ја добиваа имаше влијание да ја зајакнат позитивната слика за себе, да се видат себе си точно какви што се. Работата им влијаеше да прават и подобра организација на времето, успешно да постават приоритети, да останат фокусирани на задачата. Повратните информации од колегите е дека одлично завршената работа носи  едно општо чувство на вредност и на самодоверба кај нив – објаснува нивната менторка.

Првично, планот бил да се најде работа за менторираните лица во фабриките и фирмите што постојат на територијата на општина Власотинце. Но, Власотинце е општина која според класификацијата според развој е во четвртата, односно последната група, а наоѓањето на слободни работни места било потешко од очекуваното.

– Ситуацијата стана посложена, поради состојбите во светот, бидејќи во моментов фабриките работат со намален капацитет, а голем број жени се отпуштени. Со тоа конкуренцијата беше поголема од вообичаената, а можноста за вработување луѓе со попреченост речиси и да не постои, објаснува Јелена.

Во рамките на Здружението „Осмех“ споменуваната идеја за сервис за перење, како социјално претпријатие, кое ќе вработува само категории на тешковработливи лица, а преку заедничка работа и застапување на претседателот на „Осмех“, на менторката и менторираните, но, и со поддршката на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, каде е создадена методологијата „социјално менторство“ –  конечно можела да се реализира.

– Менторираните беа ангажирани на два месеци пробна работа со цел да го совладаат работењето на машините за перење и чистење и во таа прилика ја покажаа својата мотивација, трудољубивост и подготвеност да работат и да придонесат за заедницата во целина. Тоа даде дополнителен поттик до Здружението на граѓани „Осмех“ за понатамошна имплементација на овој пилот проект, кој ќе овозможи подобра позиција во општеството на долг рок, не само на лицата со попреченост, туку и на другите маргинализирани групи – самохрани мајки, жени над 50 години на возраст, нискоквалификувани жени (без училиште) и други, додава Станковиќ.

Претседателот на „Осмех“, Предраг Радуловиќ, вели дека сервисот започнал со работа, пред сѐ, од хуманитарни причини, да им се помогне на социјално и здравствено ранливите групи, и покрај тоа што на стартот не располагале со доволно идеи и информации како таквиот модел на работа може да стане самоодржлив и економски профитабилен.

– Менторската програма ни даде јасна визија што ни недостигаше за одлучувачки чекор во непознатото и предизвикувачко, визија за претпријатие кое се грижи за сите – за луѓето, за нивните домови, за екологијата и за економијата. При спроведувањето на програмските активности, менторот во директна работа со ранливите лица, трпеливо собираше делови од мозаикот од овие четири најважни сегменти, сè додека не ги состави во една целина – социјално претпријатие по мерка на луѓето и околината во која живееме. Тоа нѐ охрабри како организација да запловиме во предизвикувачки претприемачки води, појаснува Предраг.



LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here