Социјалната менторка од Косово, Лулу – вила со волшебно стапче

281

Повеќето работодавци се свесни за важноста на инклузијата и законот кој обезбедува вработување на лицата со попреченост, но, стравуваат колку ќе можат успешно да ги интегрираат лицата со попреченост. На компаниите многу им олеснува кога имаат врата каде може да побараат помош кога ќе се соочат со тешкотии, вели социјалната менторка Луљета Нухија

Пет лица со Даунов синдром се вработени, имаат подобро животно секојдневие, уна­пре­ден статус во општеството и во опкружувањето.
Ова не се случи ниту преку ноќ, ниту стихијно, само од себе. Главната вина за ваквото по­ме­сту­ва­ње на положбата на ранливите граѓани во Косово ѝ се препишува на Луљета Ну­хи­ја – Лулу, социјална менторка, која преку здружението „Down Syndrome Kosova“ беше вклу­че­на во првиот циклус обуки на програмата Социјално менторство за работна ин­те­гра­ци­ја, пилот-програма од Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој, „Паб­лик“, а поддржана од Германското друштво за интернационална соработка, ГИЗ.

Лу­лу, како што ја викаат пријателите и соработниците, е родена во Куманово, a во мо­мен­тов живее и работи во  Косово. Знаењата од програмата за социјално менторство на „Паб­лик“, чијашто цел е овозможување полесен влез и останување на пазарот на труд на ран­ли­ви­те сограѓани, особено на тие што се најдалеку од него, Лулу успешно ги преточува на те­рен.

Ве­ли дека нејзиното здружение, преку социјалното менторство, како социјална иновација  ја игра улогата на мост и на посредник за успешното вработување на лица со Даунов син­дром. Досегашното искуство потврдува дека со темелен пристап и структуирана под­др­шка можe да се направат големи поместувања кај овие лица. Во исто време, со­ци­јал­ни­от ментор е врската меѓу лицето со кое работи и бизнис-секторот, кој ќе треба да ја види важ­ностa од внесување различност меѓу вработените.

Ова беше повод да поразговараме со Лулу за патот низ процесот на работа, како и за впе­ча­то­ци­те на лицата со кои работи како ментор.

Дол­го време работите со лица со Даунов синдром. Можете ли да направите разлика  ме­ѓу поддршката што им ја дававте претходно на вашите корисници и оваа, откако ја по­ми­на­вте обуката за социјално менторство?

– Да, доаѓам од здружение што преку свои програми имаше големи обиди за обез­бе­ду­ва­ње услуги, како што се стручно оспособување и поддршка за вработување лица со Да­у­нов синдром. Иако беше многу предизвикувачки, „Down Syndrome Kosova“ успеа да ин­те­гри­ра некои поединци на отворениот пазар на труд, главно во приватниот сектор. По обу­ка­та за социјално менторство, овие напори добија форма на систематски механизам или пристап што служи како модел како да се води процесот на интеграција на пазарот на тру­дот на достоинствен начин, кој е заснован на факти.

Кол­ку соработуваат родителите и најблиската околина, како гледаат на потребата   нив­но­то дете да се вклучи на пазарот на труд?

– Род­ни­ни­те и родителите на лица со Даунов синдром, воопшто на лица со попреченост, од самото раѓање се загрижени за благосостојбата на своите деца и не го наоѓаат од­го­во­рот на големото прашање: „Што ќе биде со нив кога ние веќе нема да бидеме тука?“ Со нив­но интегрирање на пазарот на труд, се ублажуваат грижите на нивните родители за­тоа што нивното дете сега е независна индивидуа и е способно да ја обезбеди својата бла­го­со­стој­ба, дури и да биде активно лице што придонесува во општеството.


Ка­ква промена забележувате кај нив, кога од корисници стануваат активни актери во соз­да­ва­ње економски, социјални и културни промени во општеството?

– По­крај нивната лична исполнетост дека се способни да ги докажат своите вештини на ра­бо­та и гордоста што финансиски придонесуваат за семејството, тие, исто така, успеваат да из­бег­нат проблеми со менталното здравје, кои можат да произлезат од неангажманот и од не­ма­ње­то работен идентитет. Но, тоа не е сѐ. Вработените, преку претставување на сво­и­те успешни приказни, низ различни платформи, постојано се залагаат за остварување на сво­и­те права, а тоа се одразува на промените во економската, социјалната и во кул­тур­на­та сфера во општеството.

Ко­га ќе им се даде соодветна шанса, дали овие лица имаат потенцијали да одговорат на очекувањата на работодавците, како се приспособуваат на организациската култура и на работната атмосфера?

– Слу­ча­и­те што досега биле интегрирани, успеале да ги изненадат работодавците со нив­ни­от потенцијал и колку можат да бидат ефикасни на работното место во исполнувањето на обврските што им се доделени доколку постои адаптација на работното место на сите ни­воа, не само инфраструктурно. Благосостојбата и задоволството на вработените на ра­бот­но­то место станува важна тема и ги засега сите работници, не само тие со по­пре­че­ност.

Ка­кво е вашето искуство во однос на комуникацијата со бизнис-секторот? Колку ја сфа­ќа потребата од економска интеграција и инклузија на лицата со пречки во развојот?

– По завршувањето на обуката за социјално менторство, разработив акциски план. Нај­го­ле­ми­от предизвик ми беше комуникацијата со претпријатијата, па направив бележење на по­тен­ци­јал­ни  сериозни претпријатија што би можеле да ги вработат овие лица. Создадов ус­ло­ви за да им објаснам какви услуги ќе им понудам во процесот на работна интеграција На работодавците на компаниите многу им олеснува кога знаат каде точно може да по­ба­ра­ат помош кога ќе се соочат со тешкотии. Повеќето од нив  се свесни за важноста на инк­лу­зи­ја­та и на законот што обезбедува вработување на лицата со попреченост, но, како што споменав, страхуваат колку ќе можат успешно да ги интегрираат лицата со по­пре­че­ност. Јас како социјален ментор им ја давам таа услуга.

(Текстот е објавен во 48. издание на списанието за одржлив развој „Лице в лице“)

Претходни објави (Previous article)Неопходно е да направиме многуаголник на поддршка на жените жртви на семејно насилство!
Следни објави (Next article)Бездомништвото околу нас: јавно, скриено, потенцијално