Форумот на добри компании 2021 година, воспостави холистички поглед кон можната трансформативна промена на интерсекцијата – бизнис / институции / граѓанско општество, вклучувајќи ги овие засегнати страни во процес на кокреирање и поттик за заедничко делување. Носејќи ја визијата за иднината на работните места, во која централна точка ќе бидат луѓето, нивните вредности и личност, вториот ден од Форумот, донесе искуства и видувања на професионалци од Шведска, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина и од земјава. Дисусиите ги отвори министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која, меѓу другото, сподели дека важен дел е децентрализацијата на социјалните услуги – Потребни ни се локални мрежи за социјални услуги кои се создадени според потребите на граѓаните на секоја општина. Децентрализацијата овозоможува и поттикнува заштита и вработување. Предвидува мултилатерални партнерства помеѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, кои здружени се справуваат со важни општествени прашања.

Давид Оберхубер, директор на ГИЗ за Северна Македонија и Косово, сподели дека поддржувајќи го Форумот, ГИЗ ги промовира можностите и вредностите на претстојните нови економски и бизнис модели преку презентирање примери на инклузивни и социјални бизниси и пристап на социјалното менторство кои можат истовремено да создадат раст на социјален, економски, еколошки начин како и да ги намалат неедаквостите во општеството.

Извршна директорка на „Паблик “, Климентина Илијевски даде фокус кон порастот на социјалните претпријатија, кои промовираат нови начини на водење бизнис потпирајќи се на локалните ресурси, поддржувајќи го создавањето нови работни места. – Социјалните претпријатија придонесуваат во борбата против сиромаштијата, промовираат фер услови за работа, ја подобруваат социјалната заштита преку испорака на јавни услуги во здраствената заштита, образованието, тие ги прават и пионерските чекори кон развојот на социјални иновации адресирајќи ги социо-економските предизвици и давајќи одговор на нив. Придонесуваат и кон циркуларната економија и развиваат решенија кои се поволни за животната средина, охрабруваат одговорен конзумеризам, а креираат и нови и квалитетни работни места адаптирани на новите технологии и дигитализацијата. Тие се ентитети кои го живеат и промовираат одржливиот развој.

Како „Икеа“ прави општествено влијание креирајќи работни места за ранливи?

Ан- Софи Гунарсон, Менаџерка за нови партнерства и соработки, „Икеа“, Шведска сподели дека преку партнерствата со социјални бизниси, „Икеа“ создаде 30.000 работни места како и 300 различни производи на глобално ниво. – Сакаме да пробуваме нови работи и да ги кршиме општествените бариери. Вклучуваме жени од ранливи категории, бегалци и останати ранливи групи. Ги прашуваме што е она кое тие знаат најдобро да го прават, а потоа гледаме кои производи можат да се изработат според тие капацитети. Инклузијата и интеграцијата на овие луѓе се многу важни на долг рок, бидејќи создаваат стабилни работни места и ја придвижуваат економијата напред – сподели таа на Форумот. Оваа иницијатива на „Икеа“ е започната пред 9 години. – Ја користиме нашата јака страна, а тоа е експертизата во развој на производите, и потоа создаваме соработки со социјални бизниси кои можат да се интегрираат во процесот на производство. Како голем играч на пазарот можеме да им обезбедиме сè што им треба на социјалните бизниси и секогаш гледаме како можеме да излеземе во пресрет на нивните потреби. Клучот е во соработката. Многу од нашите добавувачи ни пристапуваат и сакаат да се вклучат во вршењето позитивна промена. Тие ја гледаат двостраната придобивка и заедно учиме едни од други за тоа како најдобро да креираме социјални бизниси – сподели таа. Гунарсон го потенцираше и фактот што во оваа соработка, одржуваат континуитет, планираат долгорочно и инвестираат во одржливи работни места. – Инклузијата е поважна од кога било. Нашата цел е да обезбедиме 95.000 работни места до 2030 година. Ќе го постигнеме тоа преку интеграцијата на овие лица, а додатна вредност е тоа што производите кои ќе ги изработат се ракотворби, односно уникати.

Социјалните услуги мора да произлезат од локалните предизвици

Во рамките на дискусијата „Модели на социјално претприемништво во заедниците – Развојот на социјалните услуги во согласност со потребите на локалните заедници“, панел сесијата донесе примери за улогата на социјалните услуги, потребата за иновации на ова поле, но, и потребата од локални иницијативи, креирани според потрбите на конкретни општини. Учествуваа Михаел Самец, тим лидер во ГИЗ, заменик-раководителката на секторот за социјална заштита во Министерство за труд и социјална политика, Софија Спасовска, градоналачникот на Демир Капија Лазар Петров. Разговорот го модерираше Климентина Илијевски од „Паблик“, која посочи дека преку социјалното претприемништво може да се понудат и услуги.

Самец посочи дека нajсоодветна почетна точка е локалното ниво, бидејќи самите граѓани се најблиску до проблемите со кои се соочуваат и најдобро можат да ги изнесат: – Секако, потребно е да се размислува за персонализирано решение според секоја општина. Затоа, најпрактично е кога работиме со социјалните бизниси и граѓанскиот сектор. Еден од главните проблеми е исклучувањето на ранливите групи од пазарот на труд, но секако постојат многу други. Кога секоја општина ќе спроведе свое мапирање, точно ќе знае кои услуги се потребни за да се реши одреден проблем и за кои работи треба да се покрене иницијатива. Сето ова е процес на учење. Она што е сигурно, е дека соработката помеѓу различните сектори е исклучително важна и потребна за иднината, за да може да развиваме одржливи услуги, финансии и работни места – сподели Самец.

Спасовска посочи дека, МТСП, со поддршка на ГИЗ веќе спроведе проект преку кој се направи мапирање на потребите од социјални услуги во повеќе општини. – Не го доживеавме ова само како проект, туку развивме вистинска соработка за да можеме да сознаеме што е потребно во општините и да го унапредиме системот на социјална заштита. На меѓународно ниво се организираат многу конференции со цел да се пренесат искуства од вакви иницијативи и да се види како практично изгледа работата на терен. На прашањето, што се случува, доколку се појави иновативна социјална услуга, која системот не ја препознава, Спасовска појасни дека воспоставени се механизми за да се овозможи функционалност. – Сегашниот систем за социјална заштита е отворен. Иновативните социјални услуги се ставени во законска регулатива, а овој систем е динамичен процес.

Петров пак кажа дека Демир Капија е меѓу првите општини кои ги мапираа проблемите и имплементираше стратегија за создавање социјални услуги. – Мапирањето е направено со провајдерите и граѓанскиот сектор, а како релативно помала општина, полесно е да ги видиме проблемите на луѓето. Ние сме едни од првите подджрувачи за развојот на деинституционализацијата. Имаме изградено неколку станбени единици за лица со попречености и започнавме проект каде се помага во домот за стари и изнемоштени лица. Во иднина би сакале да се отворат уште вакви станбени единици како и работни места

бидејќи на тој начин се создава win-win ситуација. Од една страна се вработуваат луѓе, а од друга, им се овозможува на лицата од ранливи групи да живеат подобро и да бидат вклучени во заедницата како и сите други сограѓани – сподели Петров.

Job carving I job crafting за поинклуивен пазар на труд

Анет Скопета, заменичка на директорот, Европски центар за социјална заштита, Австрија презентираше социјални иновации на пазар на труд со кои треба да се унапреди социјалната инклузија. – Преку Job carving и Job crafting, сакаме да постигнеме усогласеност помеѓу вештините и способностите на лицата од ранливите групи и работните позиции во компаниите, со тоа што самите компании треба да ги прилагодат работните места според овој кадар и на тој начин да ги вклучат на пазарот на труд. Имплементацијата на овие решенија не е толку едноставна бидејќи постои јаз помеѓу понудата – групите кои сакаме да ги вклучиме на пазарот на труд и побарувачката – компаниите кои имаат одредени очекувања или неверувања во процесот – посочи Скопета. Таа сподели и дека со пандемијата ранливите групи со примија најтешкиот удар, затоа мораме да ги погледнеме работите одблизу со цел да ги ублажиме последиците -Системот и различните страни не комуницираат ефективно и нивната интеракција не функционира како што треба. Затоа е потребно да се зајакне оваа врска. Комплексно е, но сме многу понапред од тоа што бевме пред неколку години. Социјалните иновации се нови практики и нов пристап кој носи подобри исходи бидејќи самото општество одлучува дали иновацијата е добра или не. Секако, треба да градиме политики и активности според докази и да споделуваме знаења- кажа Скопета.
Социјалното менторство – премостување помеѓу креирање вработувања и програми за социјална инклузија

Вториот ден донесе и претставување на иновацијата социјално менторство, преку која, ранливите сограѓани се поддржуваат и индивидуално се насочуваат кон пазар на труд. Беа споделени инпути од првата генерација 10 социјални ментори од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, кои процесот на обуки го опишаа како голема промена во начинот на работа со ранливи луѓе. – Потребни ни се промени во сите делови делови на системот, за да видиме вистинска промена. Научивме многу преку социјалното менторство – кажа Јелена Станковиќ, една од 10-те социјални менторки кои изминатиов период се обучуваа за обезбедување на оваа услуга. -Ние сме агенти на промената и развиваме вештини кои им се потребни на лицата кои ги менторираме, бидејќи тие го заслужуваат тоа – вели социјалната менторка Арлинда Заими. – Силно верувам дека пристапо на социјалното менторство ќе биде начин да се направи мост помеѓу вработувањето и програмите за социјална инклузија, како и помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа. Втората панел дискусија донесе разговор за менторството како процес во работната интеграција. Учествуваа Денис Шиљак, менаџер на СОС детско село, Босна и Херцеговина, Ирена Јакимовска, менаџерка и ко-сопственичка на „Comfy Angel“ и претседателка на регионалната комора за комерција во Прилеп. Дискусијата ја модерираше Небојша Илијевски, контент директор на Форумот на добри компании. Шиљак сподели дека СОС Детско село од БиХ работи со млади лица и деца без родители или кои имаат ризик да останат без родител или грижа од старател, обучувајќи ги со потребните вештини за да можат да бидат дел од пазарот на труд.

-Вклучуваме индивидуални сесии за животни вештини, вештини за вработување, менторирање итн. Потоа им наоѓаме пракса и job shadowing за да можат во реалност да го испробаат она што го научиле. Во Босна постои слаб пазар на труд, а силна сива економија па така дури 45% од младите наоѓаат работа токму на сивиот пазар, се изложуваат на ризици, а го немаат потребното искуство за да најдат нормална работа. Се трудиме да најдеме решенија чекор по чекор, но тешко е бидејќи во државата не постојат законски рамки за да се организираат овие активности. Еден од најголемите предизвици е задржувањето на работното место на подолг рок, што е многу поизразено сега со КОВИД – кажа Шиљак.

Јакимовска посочи дека „Комфи ангел“ брои 1000 вработени. -Можеби не можам да имам влијание на светски рамки, но можам да влијаам локално на структурата и начинот на работење во нашата компанија. Со гордост можам да кажам дека градиме социјална компанија и дека се грижиме за оние кои немаат еднакви можности како сите останати. Сѐ си има свој еволутивен процес, па така и ова. Компаниите кои се социјално одговорни се многу ценети и заедницата добро ги препознава, па затоа сметам дека и останатите бизниси ќе се приклучат. Компаниите кои работат чисто за профит според мене се најсиромашните компании – сподели таа. На Форумот гостуваа и консултантите Вим Ван Амел и Би Бајненс од „И Диверсо“, иновативна компанија која нуди услуги за интеграција на ранливи на пазар на труд – работејќи со ранливите, но и со компаните. Гостите од Белгија посочија дека освен што инвестираат во зајакнување на компетенциите на ранливи луѓе, ги поддржуваат во нивниот пат кон вработување, важен е приодот кон бизнисите – нивните потреби во поглед на недостаток од одредени работни места. – Со компаниите многу работевме на job couching, job carving, дизајн на позции. Во целиот овој процес, немаше ништо однапред определено, туку ги слушавме нивните потреби. Инклузивното претприемништво е важно и поради брендингот што го носи за фирмите, но за нас беше важно бидејќи го свртевме вниманието од ранливите – кон бизнисите кои станаа наш клиент. Само така ние можеме да креираме промени и шанси за овие ранливи групи да го најдат своето место на пазарот на труд – посочи БајненсВан Амел сугерираше дека е особено важно да се комуницираат успешни приказни: – Научивме дека дизајнот на работните позиции не е нешто што го правите прво, туку прво работиме коучинг, па воспоставуваме врска со компаниите и со нивните потреби. Дури потоа доаѓа дизајнот на позициите.