Опис на програмата

Со програмата за обука на ментори за работна интеграција, се има за цел да се оспособат лица кои ќе менторираат, односно ќе им помагаат на долгорочно невработени и маргинализирани лица од пазарот на трудот побрзо да се интегрираат на пазарот на труд.

<a href="http://www.freepik.com">Designed by pch.vector / Freepik</a>

Кога станува збор за лице кое што долго време било исклучено од пазарот на труд или никогаш не добило шанса да биде дел од него, процесот на работна интеграција е комплексен и честопати придружен со бројни предизвици. Времетраењето на овој процес кај различни лица е различен и зависи од бројни внатрешни и надворешни фактори. И едните и другите, треба да се земат во предвид и во исто време да се надминуваат пречките кои што произлегуваат од нив и го отежнуваат процесот на работна интеграција. Овој процес станува уште покомплексен и поради тоа што организациите/компаниите немаат соодветна подготвеност за интегрирање на потешко вработливи лица, нема доволно социјални претпријатија кои би ги подготвувале овие лица за влез на пазарот на труд, а нема ниту програми кои што ги поддржуваат лицата во процесот на работна интеграција. Согласно ова, од една страна имаме висока стапка на невработеност, а од друга, компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и висока стапка на заминување на нововработени работници поради неможноста да бидат соодветно интегрирани.

Цели на едукативната програма и очекувани резултати

Оваа едукативна програма се води од Блумовата таксономија како системска класификација во одредување на едукативни цели, и тоа:

  • стекнување знаење за системот на социјална заштита во Република Северна Македонија и разбирање на функционирање на системот на социјална заштита, организациската поставеност и надлежностите на институциите;
  • стекнување знаење за концептот на менторство за работна интеграција како оперативен протокол за активација, мотивирање и задржување на работа на отворениот или посредниот пазар на труд за лица во ризик кои се соочуваат со потешкотии во работната интеграција (главни идеи и концепти во менторството за работна интеграција);
  • оспособување за примена на стекнатите знаења за остварување пристап до правата и услугите од социјална заштита и вработување и особено во примена на стекнатото знаење во техничко водење на процесот на менторство за работна интеграција и користење на соодветните инструменти и тестови за проценки;
  • диференцијација на менторство за работна интеграција од други пристапи на социјална работа и работна интеграција на маргинализирани лица.

Програмата „Ментор за работна интеграција“ вклучува содржини што опфаќаат  организирање  и реализирање  средби со  одговорни лица во институции кои се вклучени во поддршка на долгорочно невработени лица, активности за идентификување на долгорочно неваботени лица, определување модели на менторирање и советување на лица за работна интеграција, проценување  оспособеност на менторираното лице за работна интеграција, потоа има содржини на процесот на менторирање, мониторирање и евалација на процесот на менторирање, изработка и спроведување на индивидуален план за развој и вработување (ИПРВ) на менторираното лице, посредување на менторот помеѓу менторираното лице и бизис секторот и водење на евиденција и документација спроведување на активности за заштита и безбедност на менторираното  лице  во процес на менторирање.

Понудената едукативна програма користи два главни методи на учење, и тоа: методи на објаснување и информативно-рецептивни и репродуктивни методи- решавање на проблеми, како и поттикнување на истражување во рамките на темите. Предавање, дискусија, индивидуална домашна работа, работа во групи, работа на студија на случај се некои од техниките на пренесување и примена на знаење.

Проверката на стекнатото знаење се одвива преку прашалници за евалуација на степен на знаења пред и после тематските модули. Исто така, предавачите ќе даваат соодветен фидбек на работата во група и индивидуалните домашни задачи и соодветно ќе даваат препораки за сегменти во знаењето кои треба да се зајакнат кај учесниците во едукативната програма.

Времетраење на програмата е вкупно 120 часа, од кои 62 часа се теорија и 58 часа пракса.

Проверка на стекнатото знаење ќе се направи по завршување на обуката од страна на надворешни оценувачи.

По успешно завршување на реализацијата на програмата учесникот ќе се стекне со сертификат „Ментор за работна интеграција“.

Опис на модули

Модул 1. Подготовка на процесот за менторирање
Модул 2. Модели на менторирање и советување на лица за работна интеграција 
Модул 3. Менторирање, мониторирање и еваулација на  процесот на промени кај менторираното лице
Модул 4. Посредување на менторот помеѓу менторираното лице и бизнис секторот
Модул 5. Водење на евиденција и документација во процес на менторирање

 

 

 

*Социјално менторство и менторство за работна интеграција се исти термини и пристап, кој се користи наизменично во рамките на оваа програма

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here