Овој Повик на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, се состои од две активности:
(1)редизајн на веб-страницата, и
(2) континуирано одржување и техничка поддршка на редизајнирана веб-страница, кои може да ги спроведува еден извршител, а може и да бидат ангажирани двајца извршители, зависно од компетенциите на апликантот/ите.
Тоа значи дека еден апликант може да се пријави само за една активност или доколку ги поседува потребните вештини и компетенции, може да се пријави за двете активности.

Цел
Со веб редизајнот, „Лице в лице“ има намера:
– да го трансформира изгледот на веб-сајтот;
– да ја зголеми својата публика;
– да вклучи поголема публика во активности со/за „Лице в лице“;
– да понуди ангажирачко искуство на посетителите и на својата заедница;
– да ја поттикне да пријавува теми, да пишува, да организира настани, иницијативи и да креира содржини кои се во склад со темите за кои се интересира Платформата.

Повеќе детали за Повикот и информации за пријавувањето – на линкот

Постапка за аплицирање
Заинтересираните даватели на услугата треба да испратат:

  1. Портфолио и/или CV на давателот на услугата;
  2. Финансиска понуда во македонски денари со вклучени вкупни трошоци, со ДДВ.
    Апликацијата треба да се испрати по мејл на: [email protected] и [email protected] најдоцна до 06.06.2024 година до 16.00 часот, со назнака за која активност се аплицира – Апликација за редизајн на веб-сајт на „Лице в лице“.

За конечната одлука ќе бидат известени само избраните понудувачи.
„Паблик“ го задржува правото да одбере еден или двајца понудувачи, но, и да не одбере ниту една од апликациите кои ќе ги добие, доколку тие не ги исполнуваат горенаведените критериуми, или не се во рамките на предвидениот буџет кој ни е на располагање.

    Фото: Freepik

    LEAVE A REPLY

    Please enter your comment!
    Please enter your name here