Во име на Светска банка, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ го спроведува проектот „Пилотирање на менторска програма за активирање на жените Ромки во економијата на грижа во Северна Македонија“.
Целта на овој проект е да пилотира програма дизајнирана да го поддржи активирањето на жените Ромки во економијата на грижа. Менторската поддршка треба да се обезбеди во процесот на добивање сертификати за стекната обука за нега во домот, како и при наоѓање и задржување работа во таргетираниот сектор. Менторскиот пристап за поддршка на жените Ромки во економијата на грижа се заснова на разбирањето дека менторството може да игра клучна улога во справувањето со бариерите и предизвиците со кои се соочуваат Ромките при добивање формално вработување во секторот. Доказите за менторството како ефикасна интервенција за маргинализираните групи, вклучително и жените, се поддржани со истражувања кое го потврдуваат позитивното влијание на менторството во интеграцијата на пазарот на трудот и резултатите од вработувањето.
Географска покриеност. Пилот проектот ќе се фокусира на Скопје (вклучувајќи го и Шуто Оризари), Куманово, Тетово, Прилеп, Струмица,Битола, Кичево, Струга, Дебар и Кочани, со можност за проширување и во други градови каде што живее ромска популација.
Број на ментори и менторирани. Проектот ќе склучи 15 договори со лица кои ќе дејствуваат како социјални ментори. Секој ментор се предвидува да работи со 8 менторирани лица, што ќе резултира со вкупно 120 менторирани лица, директни корисници.
- ЦЕЛ И ОПИС НА ЗАДАЧАТА
Проектот ќе склучи договори со професионалци кои што ќе го спроведуваат менторството во дефинираните области, а клучната активност на ангажираните ментори ќе биде да обезбедат менторска поддршка за селектирани жени Ромки. Помал процент од менторираните лица (најмногу 30%) можат да бидат од ранливи категории жени на други националности, како што се: долгорочно невработени, жртви на семејно насилство, жени кои живеат во рурални средини итн.
Менторството се очекува да се одвива во периодот помеѓу јули 2024 година до јануари 2025 година. Менторираните лица ќе бидат избрани според дефинирана методологија и во соработка помеѓу менторот и тимот на Асоцијацијата „ПАБЛИК“. Секој ментор ќе биде одговорен за мапирањето и изборот на менторираните лица. Менторите ќе поминат задолжителна обука во три модули за тоа како да се подготват за процесот на менторирање и како да ги фасилитираат можностите за работна интеграција на менторираните лица во економијата на грижа.
Секое договорно лице / ментор ќе ги има следните должности:
- Учество на задолжителни обуки;
- Мапирање на потенцијални лица за менторирање и анализа на можностите, пречките и мотивирачките фактори за нивен влез на пазарот на труд;
- Селекција на 8 менторирани лица кои ќе поминат низ процес на сертификација во економијата на грижа;
- Креирање на план за работа со секој менториран;
- Поддршка за менторираното лица во процесот на едукација, како и работа со семејството како поддржувачка средина;
- Изработка на индивидуален план за вработување и развој на менторираните лица;
- Комуникација со работодавците во економијата за грижа;
- Менторство кон успешно вработување и задржување на менторираното во економијата на грижа;
- Проценка на процесот на приспособување на работното место на менторираните лица;
- Соработка со професионален ментор кој ќе го катализира процесот на интеграција по влезот на менторираните кај работодавачот во економијата за грижа;
- Известување за напредокот на секој менториран и самоевалуација на нивната работа со секој менториран;
- Учество на супервизиски сесии кои го поддржуваат менторот во менторската работа.
Повеќе информации за пријавувањето – на линкот.
Огласот е отворен до 2 јуни.
Заинтересираните кандидати да испратат свое CV и писмо за интерес најдоцна – на [email protected], со назнака: Апликација за социјален ментор во економија на грижа.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и информирани за конечната одлука.
Photo: Freepik