РАЗГОВОР СО КАТАРИНА СТОЛИЌ, СОЦИЈАЛНА МЕНТОРКА ОД НОВИ САД

Социјалното менторство не носи промени само на микро ниво, туку и на ниво на пошироката општествена заедница. Од една страна даваме поддршка на поединецот во постигнување позитивни промени на ниво на личен раст, развој и успех, а од друга страна ја менуваме климата на целата општествена заедница која станува подобро место за живеење.

Трансформациите во светот на работата се неизбежни. И во мајндсетот на бизнисите, и во вештините и приодите при вработување на потенцијалната работна сила. Во оваа мисија, социјалните ментори имаат клучна улога  – во подобрување на идната слика на пазарот на трудот, посебно во сферата на интеграцијата на ранливите групи.
Изминатиов период, Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во Нови Сад го одржа и четвртиот модул за социјалните ментори од Србија и од Босна и Херцеговина. Фокусот беше ставен на креирањето успешни и продуктивни врски со бизнисите – со цел: задоволни работодавачи, задоволни вработени. Отвореноста за промени кај новите социјални ментори беше повод и за подоцнежниот разговор со Катарина Столиќ, носителка на новите трендови во светот на работата во Нови Сад.

Катарина, вие сте еден од осумте ментори од првата генерација ментори за работна интеграција (социјални ментори) во Србија. Како долги години вработена во Центарот за социјална работа во Нови Сад и со значително искуство како социјален работник и менаџер на случаи, што ви донесе ова ново искуство како социјална менторка?

По професија сум социјален работник и работам во системот на социјална заштита скоро дваесет години. Имам големо искуство во работа со маргинализирани групи и тоа е една од причините зошто влегов во програмата за социјално менторство мислејќи дека тоа ќе биде уште една слична услуга која добро им се најде на нашите корисници.
Искуството на социјален ментор ми донесе многу повеќе од она што првично го очекував, а пред сè, сознанието дека оваа програма не е ни слична со програмите што ги спроведуваме во моментов. Програмата ме направи длабоко свеснa дека работам во систем кој е полн со притисоци, крут и подесен  – структурата, организацијата, процедурите, начините и правилата, да не оставаат многу простор за вистински промени.
Преку искуството на социјалниот ментор, сфатив дека промените се можни, но дека можеме да се соочиме со промените само со отворен ум и срце, бидејќи само така може да се промениме себеси, за да можеме да ги поддржиме другите во истата промена.

Целиот разговор – на линкот.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here