Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на проектот „Зајакни ГО – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“ што го спроведува Здружение на граѓани „Паблик“ со поддршка од Младински сојуз Крушево, преку договорот за грант  со број: IPA III/2023/ 452 – 457 со Европска Комисија, објавува „Барање за прибирање на понуди“ со следните содржински спецификации:

Опис на проектот и општи услови

Набавувач на услуги: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“  – Скопје со седиште на ул. Орце Николов 93/5 во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуда за ангажман на лице за комуникации

Лицето за комуникации ќе биде одговорно за управување со активностите за промоција и видливост на Проектот, обезбедување усогласеност со правилата и процедурите за видливост на ЕУ, објавување вести и ажурирања за проектните активности, прегледување на сите објави и информации споделени со јавноста, итн. Лицето за комуникации ќе биде задолжено за развивање на концептот за материјалите за застапување, проектните материјали за дисеминација и планирање и спроведување на активностите на кампањата.

Клучните задачи на лицето за комуникација се следните:

– создавање сеопфатна комуникациска стратегија која ги опишува пораките на проектот, целната публика и каналите на дисеминација.

– редовно ажурирање и дистрибуција на информации за напредокот на проектот, резултатите и успешните приказни преку различни канали, вклучувајќи ги социјалните медиуми и веб-страниците на проектните партнери за да се осигура дека засегнатите страни и пошироката јавност се информирани и ангажирани.

– усогласување со насоките за видливост на ЕУ

– обезбедување препораки за едукација на публиката

– подготвување извештаи поврзани со опфатот на комуникациските активности

Потребни квалификации и искуство

Образование: Висок степен на образование 

Работно искуство:

Најмалку 3 години работно искуство со комуникации и односи со јавноста;

Јазици: Исклучително познавање на македонскиот јазик и солидно познавање на англискиот јазик 

Вештини за уредување, развој на содржини и комуникација со нови и традиционални медиуми;

Подготвеност за тимска работа и насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи.

Финансиски надомест:

Финансискиот надомест се исплаќа преку авторска агенција, како хонорар. Се пресметува во согласност со политиките на ПАБЛИК, врз основа на неколку важни фактори, вклучувајќи образование, сертификати, вештини, години работно искуство итн.

Начин на аплицирање

Важна напомена: Во изминатиов период, серверите кои ја поддржуваат работата на нашите веб страни и е-маил адреси се под чести хакерски напари, поради што честопати сме оневозможени да добиваме е-маилови од нашите секојдневни соработници. За да избегнеме потенцијални непријатности во процесот на селекција, ве замолуваме вашите понуди да ги доставите на следната адреса (лично или по пошта): Орце Николов 93/5, 1000 Скопје.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] најдоцна до 26.04.2024 година до 16 часот.

Целиот Повик – на линкот

Photo: Freepik

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here