Доколку се соочувате со предизвици при наоѓање на работно место или задржување на работата во континуитет, програмата за работна интеграција на „Паблик“ може да ви помогне.
Нашите ментори ќе ви обезбедат насоки и поддршка за да ги откриете своите силни страни, интереси и страсти, и да ги идентификувате потенцијалните опции за вработување.
Барањето работа може да биде предизвикувачко и стресно искуство, особено за оние кои се соочиле со бариери за вработување. Нашата програма ќе ви обезбеди емоционална поддршка и охрабрување во текот на целиот процес.
Конечно, нашите ментори можат да ви помогнат да го развиете својот личен план за барање работа и да воспоставите врски со потенцијалните работодавци.
Ако сте од Скопје, Битола или Куманово – аплицирајте за програмата за работна интеграција и добијте поддршка да стигнете до посакуваната работа.
Ве очекуваме со пријава на мејлот: [email protected]
Фотографии: Freepik