ПАБЛИК објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за финансиска поддршка (Finance Support Expert) во рамки на проектот „Building Bridges – A Multistakeholder Approach to Inclusive Employment“, кој се реализира во партнерство со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати и кандидатки со високо образование од областа на финансии, сметководство, економија, бизнис администрација или сродна област, како и со релевантно професионално искуство во финансиско управување со проекти финансирани од меѓународни донатори, да се пријават на повикот.

Избраниот експерт/ка ќе обезбедува континуирана поддршка во финансиското планирање, буџетирањето, финансиското известување, следењето на трошоците и усогласеноста со донаторските правила и националската регулатива, како и советодавна поддршка на проектниот тим во текот на целокупната имплементација на проектот.

Рокот за аплицирање е 24.07.2026 година, до крајот на денот.

Целосниот повик со сите услови, критериуми и потребна документација е достапен на линкот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here