„Паблик“, во партнерство со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) го имплементира проектот „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“, во чии рамки објавуваме огласи за повеќе експерт

Во име на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), ГИЗ го спроведува регионалниот проект „Социјална вклученост на обесправените групи во Западен Балкан (SoRi III)“. Проектот работи во пет земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, на регионално, национално и локално ниво, соработувајќи и ангажирајќи различни партнери и засегнати страни. Стратешки партнер на проектот е Мрежата на здруженија на локални власти на Југоисточна Европа (НАЛАС), со Секретаријат со седиште во Скопје, Северна Македонија. SoRi III се надоврзува на резултатите и искуствата од неговиот претходник, проектот „Социјални права за ранливите групи II“, имплементиран во регионот од 2019 до 2022 година.

Надоврзувајќи се на ветувачките резултати и позитивната практика на имплементација на социјалното менторство како пристап за работна интеграција за обесправените групи во текот на 2020-2022 година, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во партнерство со ГИЗ го имплементира проектот „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“. Проектот се имплементира од февруари 2023 година до крајот на јуни 2025 година.

Проектот ќе ја прошири услугата социјално менторство кое е меѓусекторски дијалог кој ги поттикнува патиштата за вработување на обесправените групи. Фокусот е на три столба: (а) зајакнување на патиштата за вработување за обесправените лица преку спроведување на социјално менторство; (б) зајакнување на капацитетите на компаниите да овозможат вклучување на пазарот на трудот на обесправените групи со примена на професионално менторство и градење врски со социјалните ментори; (в) застапување за институционализација на социјалното менторство како иновативен пристап за унапредување на вработувањето во системот за социјална заштита преку сензибилизирање на релевантните чинители на локално и/или национално ниво.

За потребите на проектот, потребно е да се ангажираат три експерти кои ќе бидат дел од клучниот тим на овој проект. Повеќе за повикот и описот на позициите, видете на следниве линкови:

Социјален/на ментор/ка  и координатор/ка на заедница за врсничка размена – рок до 2 март 2023
Експерт/ка за управување со податоци за капацитација и менторство – рок до 2 март 2023
Експерт/ка за дизајн на инклузивно работно место – рок до 2 март 2023

Дополнето:
Социјални ментори/ки – рок до 13 март 2023
Повик за изразување интерес за позиција супервизор/ка – рок до 20 март 2023

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here