Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, минатата недела, во периодот од 6 до 8 септември беше учесник на форумот „Регионален инкубатор за социјални претприемачи (RISE)“, кој се одржа во Тирана, Албанија. 

На настанот се собраа бројни претставници од институциите на централната и локалната власт од регионот, невладини организации, членови на академската заедница, експерти, ментори.
Претставник на „Паблик“ беше истражувачката Александра Лопарска Илоска, која сподели свои видувања во рамки на панелот: „RISE after RISE Peer exchange: How to build on sustainability after the Incubation phase, Gaps in support for social enterprises, Sustainability solutions, tips, and tricks“.
– Социјалните претпријатија за да обезбедат одржливост, неопходни им се алатки кои ќе осигураат постојан пристап до информации за потребите и предизвиците на корисниците, засегнатите страни, партнерите, јавните институции. Потребни се и алатки кои во континуитет ќе им обезбедат информации за влијанието кое го остваруваат. Само на овој начин, социјалните претпријатија ќе овозможат и одржливост, но и развоj, вели Лопарска Илоска. 
Фокусот на вториот регионален форум #RISE беше ставен на развојот на механизми за поддршка и законски рамки за поттикнување на социјалното претприемништво, како моќен инструмент за социјален и економски развој во регионот.

Преку различни панели, дискусии и интерактивни работилници, учесниците разменија идеи, искуства и најдобри практики во различни сектори.
Овој настан има за цел да обезбеди платформа за размена на искуства, за да може социјалната економија во регионот да се подигне на следното ниво.
Регионалниот RISE Forum беше организиран од Regional Youth Cooperation Office – RYCO со поддршка на Auswärtiges Amt.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here