Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ како хибридна организација што, од една страна, работи директно со ранливи лица на нивна подготовка за пазар на труд, а, од друга страна, на истражувања и на политики и ги следи трендовите и приодите при работна интеграција за подобри резултати при вклучувањето на тешко вработливите лица на пазарот на труд, ја согледа потребата од воведување СОЦИЈАЛНО МЕНТОРСТВО.
Зошто постои потреба од менторство при работна интеграција?
Затоа што лицата што живеат во ризик потешко се интегрираат на пазарот на труд. Многубројни фактори што потекнуваат од поединецот, од микросредината и од макросредината, влијаат на нивната вработливост, а препознавањето на овие пречки и вклучувањето интервенции за нивно надминување можат значително да го олеснат процесот. Од друга страна, во нашата земја досега не биле развиени соодветни програми приспособени на тешко вработливи лица, кои ќе ги поддржат во процесот на работна интеграција.
„Паблик“ креираше низа алатки и документи кои се дел од програмата Социјално менторство со кои е поставен оперативен протокол за активација, мотивирање и за задржување работа на отворениот пазар на труд.