Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“, издавач на уличното списание „Лице в лице“ објавува повик за Координатор/ка на програмата „Лице в лице“

Цел на работната позиција: Кандидатот/кандидатката ќе биде задолжен/на да ја координира работата на продавачите на „Лице в лице“, да обезбедува поддршка и следење на нивната работа, да соработува со менторите на продавачите, да ја развива и координира едукативната програма за продавачите и нивната работа и да ја шири мрежата на списанието во другите градови низ земјава.

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

  • Координинација на целокупната мрежа на продавачи и дистрибутери (партнерски организации) на уличното списание „Лице в лице“
  • Евидентирање, поддршка на продавачите и водење извештаи за секој од нив одделно, со цел да се бележи индивидуалниот напредок
  • Регрутирање нови продавачи и ширење на дистрибутивната мрежа на списанието во други градови низ земјава
  • Организирање и координација на едукативната програма за продавачите
  • Воспоставување партнерства со организации, институции и компании во насока на социјална инклузија и вработливост на продавачите на списанието.

ОСТАНАТИ АКТИВНОСТИ

  • Учество во обуки за унапредување на работата на „Лице в лице“
  • Реализација на други активности кои се доделени од страна на програмскиот раководител
  • Извршување на должностите во согласност со Статутот, внатрешните политики, процедури и упатства и да ја следи мисијата и вредностите на „Паблик“.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование од областа на социјалната работа и социјална политика или психологија. Работно искуство во оваа област ќе се смета за предност
  • Основни познавања на работа на компјутер – Интернет, Microsoft Office, електронска пошта
  • Работно владеење на пишан и говорен англиски јазик.

 ВЕШТИНИНИ И СПОСОБНОСТИ

Транспарeнтност, тимска работа, чувство за работа во мултикултурна средина и сензитивност за потребите на маргинализираните лица, комуникативност, организираност, посветеност, спремност да учи и да се надградува, емпатичност, лојалност.

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја куса биографија и мотивациско писмо, електронски, на следната е-маил адреса: [email protected], не подоцна од среда, 30.01.2019  (крај на ден), со назнака Повик за координатор/ка на програма „Лице в лице“.
Само лицата кои ќе влезат во потесен избор, ќе бидат повикани на интервју, најдоцна пет дена по извршениот избор.
Кандидатите може да ги постават своите прашања на: [email protected].
Ве молиме, без телефонски јавувања.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here