Сакате да ја откриете вашата извонредност?
Пријавете се на Повикот и побарајте го вашиот ментор за вработување во „Паблик“


Доколку сте млад човек на почетокот на вашата кариера или лице кое сака да ја открие својата извонредност и да најде соодветно работно место, програмата за менторство за вработување на „Паблик“ е тука да ви ја овозможи неопходната поддршка.

Нашата цел е да ви обезбедиме насоки и водство за полесно и посигурно вклучување на пазарот на труд.

Нашите ментори применуваат холистички пристап и индивидуален приод за да ги откриете своите силни страни, интереси и страсти, и да ги идентификувате потенцијалните опции за вработување. Со нивно менторство, ќе се направи соодветна процена за вашите моментални работни способности, ќе се развијат конкретни вештини и стратегии за барање работа и користење на мрежи за професионално поврзување.

Менторството за вработување може значително да го олесни вашиот влез на пазарот на труд преку обезбедување структурирана поддршка. Нашата програма ќе ви донесе охрабрување во текот на целиот процес, помагајќи ви да се справите со стресот и предизвиците што може да ги сретнете.

Со нашите ментори ќе го развиете својот личен план за барање работа и воспоставување врски со потенцијалните работодавци. Ние ќе посредуваме во воспоставувањето на комуникација со бизнисите кои се заинтересирани за регрутирање нова работна сила, што ќе го олесни процесот на прилагодување и интеграција во работната средина.

Доколку имате потреба од оваа услуга – ве покануваме да аплицирате за програмата за менторство за вработување и да добиете поддршка за постигнување на вашите професионални цели.

Аплицирајте – и стигнете до посакуваната работа! ?

Ве очекуваме со пријава на телефонскиот број 078 608-517 или на мејлот: [email protected]

Рокот за пријавување е до 10 август, 2024 година

Photo: Freepik

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here