Дебата на тема “Жени жртви на семејно насилство – потенцијални бездомнички“ се одржа денес во хотел „Порта“, во организација на Националнта мрежа против насилство врз жените и семејно насилство,Асоцијацијата за истражување, комуникациии и развој “Паблик“ и НВО „Една може“.

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ после едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија, ја надополни постојната дефиниција со вклучување на два нови профила – скриено и потенцијално бездомништво преку девет категории и 15 поткатегории, меѓу кои и лица што живеат кај роднини и пријатели, жени во шелтри за семејно насилство, лица што остануваат подолго во институции поради тоа што немаат дом, лица на кои им се одзема домот даден под хипотека, лица што живеат во привремени, неконвенционални живеалишта.

Во Македонија, секоја трета жена е жртва на семејно насилство. За оваа појава или се молчи, или пак жртвите се принудени сами да се борат за своите права, бидејќи со години наназад изостанува поддршка од институциите. Владата на Македонија, иако ја потпиша Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство –  Истанбулската Конвенциија, до денес не е ниту ратификувана, ниту пак се направени конкретни чекори за поддршка на оваа маргиналзирана група. Реперкусиите од ингнорирањето на овој проблем се далекусежни и оставаат простор, жените жртви на семејно насилство да се вбројат во групата на потенцијални бездомници, со што додатно ќе се влошат условите за дистоинсвен живот и нивна ресоцијализација.

“Една од најранливите групи која што се судира со проблемот исклученост од правото на домување и бездомништво се жените жртви на семејно насилство. Дури и шелтер центрите да се функционални, можноста за нивно згрижување таму е три месеци со можност за продолжување на уште три. Но, што после тоа? Ваквата безизлезна ситуација ги принудува да се вратат кај насилникот. Друга група жени пак, пријавува семејно насилство во полиција, но се застанува тука поради нефункционалноста на институциите, трети се враќаат кај своите семејства и многу често живеат во пренаселени домови или пак се сместени во домови на свои роднини и пријатели. За жал, има недостаток на податоци во однос на ова прашање – со каква бројка се соочуваме, во која поткатегорија од европската ЕТХОС типологијата припаѓаат овие жени, каква е нивната географската распространетост и кои се нивните потреби од аспект на социјална заштита, здравствана заштита, вработување. Сето ова е потребно за да се направат соодветни интервенции, пред се во законот за социјална заштита“ – изјави Климентина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

“Системот за заштита за жените жртви на семејно насилство затајува. Правењето на план за напуштање на насилникот секогаш го вклучува и домувањето. Многу мал дел од жените во Македонија имаат имот на свое име или пак живеат во стан/куќа во нивна сопственост. Затоа и напуштањето на заедничкото живеалиште значи или враќање кај родителите, или изнајмување стан/куќа под кирија која најчесто неможат ни да си ја дозволат. Опцијата е или бездомништво, или насилство. Овој факт неретко е и една од причините за останување во насилната средина. Државата покрај обезбедување на доволен број на Шелтер центри за згрижување на жените жртви на семејно насилство и останати сервиси за поддршка, мора да развие и мерки за нивна ресоцијализација кои е неопходно да вклучуваат и решавање на проблемот со домување“ – изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here