Промовирање на вклученоста на работниците во социјалните претпријатија, унапредување на интернационалната соработка помеѓу работниците и претставниците на организациите на работодавци, но, и помеѓу социјалните претпријатија и синдикатите за прашања поврзани со вклучувањето на работниците.

Ова накусо е целта на проектот „Промовирање на вклученост на работниците во претпријатија на социјалната економија“ финансиран од Европската комисија, координиран од Шпанската конфедерација на работнички кооперативи (COCETA), а кој Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ ќе го работи во партнерство со ДИЕСИС мрежата, Конфедерацијата на синдикати на Италија (CISL),  Социјална економија-Словенија (ASES) и Италјанската Федерација на кооперативи (Legacoop Produzione e Servizi).

Во рамки на проектот, овој месец се организираат и два онлајн настани, (од кои едниот се случи на  10-ти февруари), а другиот е планиран за утре, 24-ти февруари, 2021 година.
Линк до утрешната агенда.

Целта на нивното одржување е да се овозможи поголем пристап до информации за правата на работниците во однос на обезбедување на пристап до информации, како и увид за развојот на овие права во други земји како: Италија, Шпанија, Словенија и Северна Македонија.

24-ти февруари од 10:30-12:00 часот
Онлајн настан со високи претставници од Европската Комисија кои ќе дебатираат за важноста за вклучувањето на работниците во работењето на претпријатијата, со особен фокус на социјалните претпријатија.

За утрешниот настан може да се регистрирате тука:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZIudOCtqz4vHNWp5Ie5FCmX5-r2flNqiztY

——————–

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here