На тема социјалните услуги и миграцијата, но и кои се научените лекции од претходната бегалска криза беше дискутирано денес во рамки на конференцијата „Миграции, услуги, интеграција“, што се случуваше во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Настанот е завршно случување после едногодишното истражување „Социјалните услуги и миграцијата: интеграција и кохеренција меѓу актерите  во обезбедување подобри услуги за бегалците, мигрантите и барателите на азил во Македонија, Србија и Хрватска“ што го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ во партнерство со „Мост“ од Хрватска и со Комитетот на правници за човекови права „Јуком“ од Србија, а со поддршка на Европскиот фонд за Балканот (European fund for the Balkans).

Истражувањето го анализира тековните политики за миграции, меѓународна заштита и доделување азил, ги проценува капацитетите, кохеренцијата и соработка меѓу различните чинители (граѓански организации, интернационални организации и јавни институции), ги детектира бариерите во остварување на социјалните права и ги идентификува потребите за воведување дополнителни услуги за бегалците, мигрантите и баратели на азил.

– Воочивме дека, кога станува збор за усогласеност на сервисите за кои се надлежни институциите во трите земји вклучени во истражувањето, оценката од граѓанскиот сектор е сосема спротивна од оценката на самите институции. Едните сметаат дека не постои доволна кохерентност, а другите посочуваат дека соработка постои и во информирањето, и во давањето услуги во криза и во интеграцијата. Очигледно, вистината е некаде помеѓу – смета Маја Раванска од „Паблик“.

Џордана Барбариќ од МОСТ, наведува дека она што се покажало како најголем проблем  во Хрватска е тромоста на системот да одговори брзо и адекватно на потребите на бегалците и на баратели на азил, особено на децата без придружба.

Македонската слика од претходната бегалска криза

Според последниот Извештај за напредок на ЕУ, во Македонија до септември 2016 година имало 664 Роми од Косово, од кои 18 имаат статус на признаени бегалци, 173 се со одбиени барања за право на азил и 473 лица се под субсидијарна заштита. Истите не се вклучени на пазарот на труд, живеат во пренаселени домови во повеќечлени семејства,  во лоши хигиенски услови, отсуството на постојан месечен финансиски приход или парична социјална помош која се движи меѓу 2.500 до 6.000 денари. Некои од децата на бегалците биле вклучени во програми за субвенционирано вработување, но не биле вработени после завршување на програмата.

Повеќе фотографии од настанот – на линкот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here