POW-Bridge: Премостување на јазот помеѓу законодавството и практиката при упатување на работниците во странство

идентификуваме можни јазови помеѓу процедурите (правната основа) и праксата (искуствата) во однос на правилата кои го регулираат упатувањето на работниците во странство, да се идентификуваат предизвиците и да се развијат и споделат ефективни решенија за компаниите и агенциите кои упатуваат работници

Главната цел на  POW-Bridge проектот е да ги идентификува можните јазови помеѓу процедурите (правната основа) и праксата (искуствата) во однос на правилата кои го регулираат упатувањето на работниците во странство, да се идентификуваат предизвиците и да се развијат и споделат ефективни решенија за компаниите и агенциите кои упатуваат работници. Притоа, посебен фокус е ставен на предизвиците кои произлегуваат од  потенцијалните неусогласености помеѓу ревидираната Директива за упатување на работниците донесена во 2018 година, другите законодавства на ЕУ, како и постоечкото законодавство на национално ниво. Географската покриеност на проектот е следна: Австрија, Словенија, Италија, Словачка, Унгарија, Полска, Србија и Северна Македонија.

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Упатувањето на работниците е динамична форма на мобилност на работната сила, која во привлекува значително политичко внимание, особено кога станува збор за појавата на социјална исклученост на упатените работници, рефлектирана во ревидираната верзија на Директивата за упатување на работниците од 2018-та година. Главната цел на проектот е зајакнување на напорите за имплементација и спроведување на Директивата во инклузивна, партиципативна и транспарентна форма.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

  • Да се промовира и да се унапреди ефективна и транспарентна апликација на ЕУ правилата за упатување;
  • Да се промовира активно учество на работодавците во процесите на креирање политики базирани на докази;
  • Да се воспостави, консолидира и да се унапреди повеќе-стејкхолдерската соработка помеѓу земјите членки и кандидатки на ЕУ.

КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ ЗА ИМПЕМЕНТАЦИЈА

  • Меѓународна соработка (унапредување на преку-граничната соработка помеѓу клучните актери и промовирање на вклучувањето на работодавците во креирањето политики базирани на докази);
  • Компаративно истражување (анализа и компарација на ситуацијата во различните земји);
  • Застапување (дисеминација на резултатите од истражувањето со креаторите на политиките, агенциите, работодавците и други релевантни актери)

КЛУЧНИ ПРОЕКТНИ АУТПУТИ

  • Две работилници за меѓусебно учење помеѓу таргетираните земји;
  • Три електронски билтени со информации за проектните активности;
  • Осум национални извештаи кои го анализираат националното законодавство кое ги регулира компаниите кои упатуваат работници во странство, во области како социјално и здравствено осигурување, агенции за вработување, вклучувајќи го и Законот за трговските друштва;
  • Еден компаративен извештај
  • Осум резимеа за јавните политики чија цел е да генерираат ново знаење и наоди за креаторите за јавните политики, социјалните партнери и јавноста;
  • Осум видеа кои јасно ги комуницираат чекорите кои компаниите што упатуваат работници во странство мора да ги следат со цел следење на националната и ЕУ легислативата;
  • Завршна интернационална конференција

Newsletter

POW-BRIDGE NEWSLETTER No. 1

POW-BRIDGE NEWSLETTER No. 2

At the end of the first year of the POW-BRIDGE project implementation, we report on the main research and cooperation deliverables, namely the country reports and the first Mutual Learning Lab.

POW-BRIDGE NEWSLETTER No. 3

ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ

Китијана Бодинаку, менторка за вработување: Активното слушање и емпатија се клучни за успех

0
НИЗ ПРИЗМА НА МЕНТОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Китијана Бодинаку е сертифицирана менторка за вработување од Албанија која оваа година ја помина верификуваната едукативна програма на...

Реализирајте ги своите потенцијали – успешен влез на пазарот на труд со ментор за...

0
Сакате да ја откриете вашата извонредност? Пријавете се на Повикот и побарајте го вашиот ментор за вработување во „Паблик“Доколку сте млад човек на почетокот...

Менторство за лица со попреченост – водство за успешен влез на пазарот на труд

0
Ако сте лице со попреченост кому му е потребна поддршка при процесот на вработување – побарајте го вашиот социјален ментор во „Паблик“.Можеби познавате некој што...

Оглас за експерт за институционализација (за Косово)

0
„ПАБЛИК“, ВО ПАРТНЕРСТВО СО ГЕРМАНСКОТО ДРУШТВО ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА СОРАБОТКА (ГИЗ) ГО ИМПЛЕМЕНТИРА ПРОЕКТОТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО КАКО ПРИСТАП НА МЕЃУСЕКТОРСКО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПРОМОЦИЈА...

Кога работам – сакам да ми е добро, менторството ми го овозможува тоа

0
Преку својата работа, менторката за вработување од Босна и Херцеговина, Сенада Сушиќ, ги поттикнува менторираните лица да може да се видат себе си во...

Публикации

Партнери

Апликант: Европски центар за истражувања и политики во социјалната заштита (Австрија);

Ca’ Foscari Универзитет, Венеција (Италија)

Центар за општествени и психолошки науки, Словачка академија на науките (Словенија)

Центар за истражувања на миграциите, Универзитет Варшава (Полска)

Асоцијација за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ (Северна Македонија)

Центар за социјални политики (Србија)

Приморска универзитет (Словенија)

Funded by the European Union