Повик за
Координатор/ка за финансии и администрација

хонорарен ангажман (за период од една година, со можност за продолжување)

Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, објавува повик за ангажирање координатор/ка за финансии и администрација. Позицијата се однесува на хонорарен ангажман.


„Паблик“ е независна, непрофитна организација за истражување и застапување која ги анализира процесите на социјалната инклузија со фокус на работна интеграција на маргинализирани групи, што го следи и го поттикнува развојот на социјалните претпријатија во Северна Македонија и во регионот, прототипира општествена промена и социјална инклузија, поттикнува партнерства и соработки со јавните институции и традиционалниот бизнис сектор и влијае врз јавните политики.

„Паблик“ е фокусирана на градење позитивни општествени промени и силно граѓанско општество.

Особеноста на „Паблик“ е редовната комуникација со најранливите категории граѓани овозможена преку „Лице в лице“ чиј издавач е „Паблик“. Оваа позиција ни овозможува длабоко да ги истражиме и утврдиме причините за состојбата на социјалната исклученост, а ваквиот приод ни дава слика за реалните проблеми во општеството. Од друга страна, нашите веќе изградени партнерства со јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот, ни даваат можност да дефинираме препораки за јавни политики развиени низ партиципативен процес и со целосно вклучување на сите засегнати страни.

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Координаторот/ката за финансии и администрација ќе има одговорност во делот на финансиите и административното работење во склоп на постоечките тековни проекти на организацијата, кои опфаќаат различни донатори – Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ), UN WOMEN, Европска комисија, меѓу другите.

ОПИС НА ЗАДАЧИТЕ

Повикот ги опфаќа следните задачи:

  • Подготовка на финансиски извештаи и целосна документација поврзана со финансиското и административното известување, во согласност со процедурите на „Паблик“ и спецификите од донатори и од проекти
  • Подготовка на договори, фактури, спроведување набавки за проекти и целосна документација, во согласност со дадени насоки од менаџерите, процедурите на „Паблик“ и донаторите на проектите
  • Исплати по буџетски ставки и водење евиденција за направените исплати;
  • Поддршка на проектните менаџери во управувањето со финансиите на тековните проекти;
  • Следење рокови за наплата на фактури
  • Пополнување и унапредување на дигиталната архива на организацијата;
  • Подготовка на документација за потребите на сметководството на организацијата и финализација на завршната сметка
  • Водење евиденција за паричните текови и известување за финансиската состојба на организацијата на месечно ниво (кон извршен директор)
  • Соработка со тимот и надворешните соработници на ПАБЛИК

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ИСКУСТВО

  • Завршено најмалку високо образование во областа на економските науки;
  • Најмалку 5-годишно работно искуство со финансиско и административно работење во граѓански сектор;
  • Најмалку 5-годишно искуство за проектно финансиско известување за домашни и интернационални донатори;
  • Ефективна комуникација (усна и писмена) на македонски јазик и на англиски јазик.

ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ

Финансискиот надомест се исплаќа преку авторска агенција, како хонорар. Се пресметува во согласност со политиките на ПАБЛИК, врз основа на неколку важни фактори, вклучувајќи образование, сертификати, вештини, години работно искуство итн.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните лица треба да испратат  своја биографија на следниот е-маил: [email protected], најдоцна до 20-ти април 2022 година.

Само избраните кандидати ќе бидат известени за исходот од повикот.

Претходни објави (Previous article)Импактна евалуација на проектот –  Social enterprise – Bridge between the social sector and the traditional business (SE-Bridge)
Следни објави (Next article)„Лице в лице со различностите“ во Охрид и Струга