„Лице в лице со различностите“ е насловен новиот проект во реализација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, поточно активност на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, што се спроведува во периодот до септември 2022 година.
Прашања во фокус се различности, женски прашња, малцински права, а проектните активности, кои ја имаат поддршката од Институтот за комуникациски студии, имаат за цел да обезбедат придонес во поттикнувањето на толеранцијата и инклузијата меѓу граѓаните во регионот на Струга и Охрид, но, и на национално ниво.
Главен партнер на „Лице  в лице“ во зајакнувањето на позицијата на локалните граѓански организации во споменатиот регион, но, и на младите новинари, е Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, „Порака Нова“ од Струга.

Во мисијата да се постигне позитивно менување на јавната перцепција во однос на различностите, најпрво ќе бидат мапирани локални засегнати страни (граѓански организации и новинари), кои ќе бидат вклучени во продукција на медиумски содржини кои ќе отворат бројни прашања што ја засегаат локалната јавност, но, и пошироко, со главен предзнак: различности.

Сите подготвени содржини ќе бидат споделувани на веб страницата на „Лице в лице“, во печатеното издание на списанието за одржлив развој, на социјалните мрежи на „Лице в лице“ и „Порака Нова“, како и на каналите на медимуите – партнери, кои ќе го прифатат предизвикот за свој придонес во овој проект.
Сите овие активности ќе бидат придружени и со кампања на социјалните медиуми, Facebook, Instagram, Twitter и Linkedin на партнерските организации.

Игор Шајноски, еден од најуспешните продавачи на „Лице в лице“, вработен во „Порака Нова“

„Лице в лице“ е уникатен модел на медиум кој нуди печатена и дигитална содржина што ја ангажира, едуцира, мотивира и активира публиката. Во исто време е социјално претпријатие со двојна мисија – обезбедува можности за работна интеграција за своите продавачи (неговите корисници), и истовремено едуцира и ја подига свеста со својата содржина, со теренски и онлајн акции и кампањи.

Списанието е член на Меѓународната мрежа на уличен печат, заедно со повеќе од 100 улични списанија и весници од целиот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here