TEMA 1: СИСТЕМ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 ПРОГРАМА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА РАБОТНА ТЕМА

„ПОДГОТОВКА НА ПРОЦЕСОТ ЗА МЕНТОРИРАЊЕ“

1. Предложена од Сузана Борнарова, Проф. Д-р и Наташа Богоевска, Проф. Д-р
2. Предуслови дипломиран социјален работник или друга сродна дисциплина
3. Цели на програмата –       стекнување на знаења за основите на системот на социјална заштита во Македонија,

–       разбирање на функционирање на системот на социјална заштита, организациската поставеност и надлежностите на институциите,

–       оспособување за примена на стекнатите знаења за остварување пристап до правата и услугите од социјална заштита и вработување,

–       стекнување вештини за изработка на индивидуален план за работа со менторирано лице.

4. Содржина на програмата I. Социјална заштита:  дефинирање, начела, институции, права и услуги, вршители на дејноста, финансирање и надзор на системот на социјална заштита.

II. Вработување: права и услуги – осигурување во случај на невработеност, програми и услуги за вработување, вработување на инвалидни лица.

III. Остварување на права од социјална заштита и вработување: надлежност и постапка, планови за индивидуална работа со корисник.

5. Методи на учење Предавање, дискусија, индивидуална работа, работа во групи, работа на студија на случај.
6. Вкупен број на часови 20 часа
7. Начин на оценување Евалуација преку прашалници за евалуација на степен на знаења пред и по обуката
8. Литература Задолжителна:

Закон за социјална заштита (Сл. весник на РСМ бр. 104/19, 146/19)

Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност (Сл. Весник на РСМ бр. 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16, 118/16, 21/18, 113/18 )

Закон за вработување инвалидни лица (Сл. Весник на РСМ бр. 44/2000, 16/2004, 62/2005, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 161/2008, 99/2009, 136/2011, 129/15, 147/15, 27/16, 99/18)

 

Дополнителна:

Bogoevska, N. et al. 2013. Social Protection System in Macedonia: Centralized Governance versus Decentralization, in Mediterranean Journal of Social Sciences, Special Issue, Vol. 4, No. 11. (ed.) Bidzina Savaneli. Rome:  MCSER Publishing Rome.

Bogoevska, N. 2016. Analysis of national legislation related to vocational rehabilitation of persons with disabilities, IPA Project “Promoting Social Inclusion Services” EuropeAid.

Bornarova, S. (ed.). 2013. Manual for Development of Social Services for Vulnerable Groups in the Local Community, Ministry of Labour and Social Policy and UNDP, Skopje.

Brkic. M. et al. 2007. From Welfare to Workfare States on the Balkans. Spark Amsterdam, Netherlands.

Gerovska M. et al. 2018. Final Joint Report: Proposal for Reform of the Social Welfare and Child Protection System, World Bank and MLSP, World Bank Project – Conditional Cash Transfers – Reform of the Social Protection System, Skopje 2018.

 

 

Претходни објави (Previous article)Eдукативна програма
Следни објави (Next article)Модели на менторирање и советување на лица за работна интеграција