ТИМ
Оглас за креативен тим за проектот „People of Change“ на „Лице в лице“
Асоцијацијата Паблик од Скопје, за потребите на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ го спроведува проектот „People of Change“, финансиран од Европската унија, во рамки на програмата Innovation. Media. Minds: EU Support to Public Service Journalism in the Western Balkans, имплементирана од Goethe-Institut и DW Akademie.
Проектот има за цел да ја зголеми видливоста и инклузивноста на ранливите групи преку современо етичко новинарство. Ќе се изработат 10 видео и мултимедијални стории во Северна Македонија и Војводина, со видео, фотографии, дизајн, илустрации, анимации, кои ќе бидат емитувани на јавните сервиси во Северна Македонија - МРТВ, во Војводина - РТВ и во Босна и Херцеговина - БХРТ, како и на дигиталните канали на „Лице в лице“ – на веб и социјалните мрежи. Планирано е и издавање на еден дигитален графички продукт – стрип, кој ќе ги интегрира носечките елементи од 10-те видео приказни.
За потребите на проектот објавуваме оглас за следните позиции:
Новинар/и – 10 мултимедијални стории
Уредник и ментор
Камера/Видеографер
Видео монтажер – 10 видеа, 30 рилови, 1 long-form
Аниматор – Intro + outro анимации
Фотограф – 10 фото-стории
Дизајнер – визуелен идентитет, илустрации, графики
Соработник за дигитални и социјални медиуми
Илустратор и автор за еден графички журнал
Преведувач и лектор – преводи и лектури од/на македонски, српски и други малцински јазици
Соработник за формати за пристапностСите улоги бараат тимска работа, етички пристап кон ранливи групи и создавање визуелно и содржински богати приказни во продукција на „Лице в лице“.
Заинтересираните кандидати треба да испратат:
- CV со соодветно искуство
- Портфолио (линкови до видеа, стории, фотографии, дизајн, илустрација, анимација итн.)
- Бруто финансиска понуда, со јасно наведена цена по производ по деливерабл (пример: цена по видео, по фото-сторија итн.)
Кандидатите може да аплицираат за повеќе позиции, но мора јасно да наведат за кои и да достават одделни финансиски понуди по позиција.Рокот за аплицирање е 10.12.2025 до 16 часот.
Сите детали се на фајлот на овој линк.
Повик за соработници за проектот „Лице в лице со интегритетот“
Здружението ПАБЛИК – Скопје објавува повик за соработници во рамки на проектот „Лице в лице со интегритетот – Мобилизирање на граѓаните и медиумите за политички интегритет во Северна Македонија“. Проектот се спроведува како подгрант на Транспаренси Интернационал Македонија, во рамките на регионалната иницијатива „Integrity Watch во Западен Балкан и Турција“, поддржана од Европската унија.
Целта на проектот е да ги приближи податоците за корупција до граѓаните преку креативни и пристапни онлајн содржини, да ја зголеми јавната свест за политичкиот интегритет и да мобилизира млади, жени, малцинства и маргинализирани групи во барањето транспарентност и одговорност.
Во рамки на проектот, потребни се соработници кои ќе работат на:
изработка на креативни мултимедијални материјали и инклузивна кампања на социјалните мрежи;
уредување новинарски стории, интервјуа и содржини базирани на партиципативно раскажување приказни од граѓани.Апликациите се доставуваат на: [email protected] најдоцна до 28.11.2025 година, до крајот на денот, со назнака за која позиција се аплицира.Повеќе детали, на овој линк.
Јавен повик за учество во Програмата за градење на капацитети
Отворен е Повик за учество во Програмата за градење на капацитети. Оваа програма се реализира во рамки на проектот „RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia“.
Краен рок за аплицирање е 20.06.2025 година
Потребните документи се наведени во огласот во продолжение.
Адреса за достава на апликации и за одговори на прашања - на мејлот: [email protected].
Повеќе информации - во продолжение:ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: „CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“
ДОНАТОР: Европска Комисија
Имплементатори: Младински Сојуз-Крушево, Асоцијација ПАБЛИК и НОВУС- Струмица
ЛОКАЦИЈА: Република Северна Македонија
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ
Цел на проектот: Подобрување социо-економската интеграција на младите преку промоција на социјалното претприемништво. Проектот е финансиран во рамките на “Поддршка на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА Програмата за граѓанско општество 2022-2023 година“.Основната цел е да се зајакнат локалните граѓански организации низ осумте плански региони во Северна Македонија, овозможувајќи им активно да придонесуваат за социо-економскиот развој преку зајакнување на нивните способности за промовирање и негување на социјалните претпријатија предводени од младите. Овие претпријатија имаат за цел да ги зголемат економските можности за поединци кои се далеку од пазарот на труд.
ОТВОРЕН ПОВИК
Ве охрабруваме да се пријавите за учество во Програмата за градење на капацитети, која е наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и нивната улога во создавањето позитивни општествени промени. Програмата ќе се фокусира на клучни области како што се младинско претприемништво, социјални иновации и вработување на маргинализирани групи.
Овој повик е затворен и важи само за граѓански организации кои го имаат договорено прашалникот за самооценување, достапен на следниов линк: https://raiseyouth.mk/assessment-tool-1/
Програмата е внимателно осмислена за да ги поддржи организациите кои делуваат на локално и национално ниво во Република Северна Македонија, со цел да ги унапредат нивните капацитети преку работа на три меѓусебно поврзани и општествено значајни теми. Учесниците ќе добијат обуки кои ќе им помогнат да ги надградат своите интерни капацитети, да ги подобрат програмските и организациските перформанси и да иницираат нови, заеднички иницијативи.
Програмата ќе обезбеди вмрежување, меѓусекторска соработка и менторска поддршка од искусни организации. Дополнително, организациите кои ќе учествуваат во процесот ќе имаат можност за субгрантирање.
Оваа иницијатива е наменета за организации кои имаат амбиција и подготвеност да го унапредат своето делување, да ја прошират својата мисија и да делуваат како двигатели на промени во своите заедници.
За програмата:
Програмата за градење на капацитети се реализира во рамки на проектот “RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia”, финансиран од Европската Унија, како иницијатива која има за цел јакнење на граѓанскиот сектор преку стратешка поддршка на организациите во земјата, особено грас рут организации и оние кои работат со млади, маргинализирани заедници и во области како социјални иновации и локален развој.
Оваа компонента има за цел да поттикне активна вклученост на организациите преку зајакнување на нивните интерни ресурси и вештини, градење на мрежи на соработка, како и поддршка на нивните капацитети за спроведување влијателни активности на локално и национално ниво.
Опис на програмата
Програмата за градење на капацитети е дизајнирана како сеопфатна и практично ориентирана едукативна интервенција, која има за цел да ги поддржи граѓанските организации во развојот на клучни знаења, вештини и алатки за поефикасно и поодржливо дејствување во своите заедници.
Таа се состои од три меѓусебно поврзани модули, секој посветен на тема со висок социјален и развоен приоритет:
Модул 1 - Младинско претприемништвоФокусот е ставен на развој на претприемнички компетенции кај младите, инкубирање на идеи и иницијативи водени од млади, како и зајакнување на улогата на граѓанските организации како поддржувачи и катализатори на младинската економска мобилизација.Модулот ќе ги опфати темите: иновативни бизнис-модели, пристап до финансии, менторство, локални екосистеми на поддршка и политики за младинско претприемништво.
Обуката за модул 1 ќе се одржи во Крушево од 30.06.2025 - 02.07.2025
Модул 2 - Социјални иновацииОвој модул има за цел да ги поддржи организациите во креирање и имплементација на иновативни решенија за комплексни општествени предизвици преку пристапи кои комбинираат технологија, заедничко делување и инклузивност.Теми ќе вклучуваат: дизајн размислување, ко-креирање со заедницата, модели на одржливост, мерење на општествено влијание и практични примери на социјални иновации.
Обуката за модул 2 ќе се одржи во Струга од 14.07.2025 - 20.07.2025
Модул 3 - Вработување на маргинализирани групиНасочен кон развој на пристапи и алатки за подобрување на можностите за вработување и економска инклузија на ранливи групи, со акцент на локално вмрежување, интерсекторска соработка и родова/социјална еднаквост. Модулот ќе опфати: политики за инклузивно вработување, социјално претприемништво, развој на вештини, јавно-приватни партнерства и модели на поддржани вработувања.
Обуката за модул 3 ќе се одржи во Струмица неделата од 21.07.2025 - 27.07.2025
Структура на учесници и имплементација
Секоја група од учесници ќе помине низ сите три модули.Вкупно ќе бидат опфатени 3 групи, секоја со 32 учесници, по најмалку 4 организации од секој плански регион.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на три партнерски организации, секоја специјализирана за една од тематските области. Со тоа се овозможува висок квалитет на содржината, како и практична експертиза и пристапи засновани на искуство од теренот.
Критериуми за учество
За да бидат земени предвид за учество во програмата, граѓанските организации треба да ги исполнат следниве основни и селекциски критериуми, кои се однесуваат на нивната релевантност, капацитет и подготвеност за активно вклучување во процесот:
Пополнета самооценка (Self-assessment Tool)Учесничките организации задолжително треба претходно да ја имаат пополнето алатката за самоевалуација, која служи како основа за идентификување на организациските потреби, предизвици и приоритети. Оваа алатка е клучен елемент во процесот на селекција и дизајнирање на персонализирана поддршка.
Регистрирани како граѓански организацииПраво на учество имаат само формално регистрирани здруженија на граѓани или фондации, согласно националната легислатива. Организациите треба да поседуваат валидна документација за својата регистрација и тековно дејствување.
Активно работење во релевантни областиОрганизациите треба да имаат докажано искуство или тековни активности во една или повеќе од следниве области:
работа со млади и младинско учество;
поддршка на маргинализирани/ранливи заедници;
иновации во социјалната сфера или локален развој.* Пожелно е да приложат краток опис на релевантни проекти, иницијативи или резултати.
Номинација на претставник за учествоОрганизациите треба да номинираат еден (1) претставник, кој ќе биде активно вклучен во целиот процес и ќе присуствува на сите три модули. Претставникот треба да има можност и мандат да придонесува кон развојот на организацијата и да пренесува знаења во тимот.* Станува збор за лице со искуство во програмско/проектно менаџирање, развој на заедници или организациски развој.
Подготвеност за мултиплицирање на знаењатаОрганизациите треба да покажат јасна подготвеност и капацитет за внатрешно пренесување на стекнатите знаења, преку вклучување на други членови, организирање на интерни обуки, споделување на материјали или иницирање локални активности.* Организациите со план за интерна мултипликација и заедничка примена на знаењата во локалниот контекст ќе имаат предност при селекција.
Што обезбедува програмата?
Програмата за градење капацитети е осмислена со цел да обезбеди сеопфатна поддршка за учесниците и нивните организации, не само преку квалитетни едукативни содржини, туку и преку логистичка, менторска и мрежна поддршка. Секоја селектирана организација и нејзиниот претставник ќе имаат пристап до следниве бенефиции:
Целосно покриени трошоци за учество
Програмата ги покрива сите релевантни трошоци за учество во трите модули, вклучително:
Трошоци за патување до и од локацијата на одржување;
Обезбеден сместување и храна за време на обуките;
Работни материјали, прирачници и алатки за учење.* На учесниците не им се потребни никакви сопствени средства за учество – сè е обезбедено од организаторите.
Сертификат за успешно завршена програма
По успешно завршување на трите модули и активна вклученост во сите активности, секој учесник ќе добие официјален сертификат кој ја потврдува неговата/нејзината компетентност во тематските области.* Сертификатот може да се користи како референца во идни апликации, проекти и партнерства.
Можности за вмрежување и меѓусекторска соработка
Програмата ќе вклучи организации од сите осум плански региони, овозможувајќи:
Креирање на контакти со организации со слична мисија и визија;
Размена на искуства и добри практики;
Поттикнување на идни партнерства за заеднички проекти;
Градење на неформална мрежа на активни чинители на позитивни општествени промени.
Пристап до менторска поддршка и практични ресурси
Учесниците ќе добијат пристап до:
Ментори и експерти од областа на младински развој, претприемништво, иновации и вработување;
Специјално креирани обучувачки ресурси и алатки;
Поддршка при примена на стекнатите знаења во контекстот на нивната организација или заедница.* Овој пристап ќе помогне организациите да направат реални и одржливи промени во своето дејствување.
Пријавување
Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите, треба да испрата мејл со номинација на претставник и ЦВ од истиот од својата организација на [email protected]
Краен рок за пријавување:
Дополнителни информации:
За повеќе информации во врска со програмата или процесот на аплицирање, контактирајте нè на: [email protected] или на +389 72 809 444
Повик за експерт за инклузивна корпоративна култура
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, објавува повик за ангажирање Експерт за инклузивна корпоративна култура во рамките на проектот „Промоција на социјалното менторство како интерсекторски партнерски пристап за промоција на вработувањето на ранливи групи".Условите за аплицирање се достапни на линкот од Повикот.Заинтересираните кандидати да ја испратат својата финансиска понуда со бруто цена по ден и CV на англиски или македонски јазик до 3 јуни 2025 година на [email protected] со наслов "Application for Inclusive Corporate Culture Expert".
photo: Freepik
Повик за изразување интерес за индивидуални консултантски услуги
Во име на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ), Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ го спроведува проектот „Социјално менторство за активација на корисници на гарантирана минимална помош во Република Северна Македонија“. Целта на проектот е активација на пазарот на трудот/вработување на ранливи лица- корисници на гарантирана мининална помош. Вработувањето се смета како клучна алка и најефективниот пристап во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. Сепак, одредени категории на граѓани се соочуваат со тешкотии во пристапот до отворениот пазар на труд, како и во задржувањето на работните места.За таа цел, во рамките на овој повик, ќе бидат селектирани 10-20 социјални ментори од целата територија на Република Северна Македонија од кои се очекува да менторираат најмногу 12 корисници на гарантирана мининална помош, во зависност од нивната достапност и времето што можат да го издвојат за ваков тип на ангажман.Повеќе детали за Повикот - на линкот.
Заинтересираните кандидати да испратат свое CV и писмо за интерес најдоцна до 16 мај 2025 година, на [email protected], со назнака: Апликација за социјален ментор- ГМП корисници.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и информирани за конечната одлука.
Повик за ангажирање соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини за „Лице в лице“
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на соработничка/соработник за социјални мрежи и дигитални содржини.
Опис на ангажманотСоработникот/соработничката за социјални мрежи и дигитални содржини кој/а ќе биде вклучен/а во овие активности ќе го предводи создавањето содржини за веб платформата на „Лице в лице“, како и за различните профили на социјални мрежи на медиумот, промовирање на свеста за прашањата за дигиталните права и ангажирање на пошироката јавност.Ангажманот треба да биде во перидот од април до септември 2025 година. Ангажираното лице се очекува да посвети 50% од работното време месечно на проектот.Повеќе информации на линкот од Повикот.
Повик за учество и соработка во рамки на „Форум на добри компании 2025“
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), ве поканува да се приклучите на Форумот „Companies doing good“, кој ќе се одржи на 8 мај 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија.
Форумот е дел од проектот „Промоција на социјалното менторство како меѓусекторски партнерски пристап за промоција на вработување на маргинализирани групи“, кој има за цел да ги поддржи начините за вработување на ранливи групи преку иновативни пристапи како што е социјалното менторство.
Настанот ќе собере над 100 учесници во живо и дополнителни учесници онлајн, вклучувајќи претставници од бизнис, јавни институции, невладини организации и меѓународни партнери.
Позиции за кои се бараат кандидати:
Асистент за координација на настани
Провајдер на услуги за дигитален маркетинг, брендирање и комуникации
Провајдер на услуги за изработка на веб страница
Клучни активности:
Планирање и организирање на форумот
Дигитален маркетинг и промоција на настанот
Развој и одржување на веб страница за форумот
Краен рок за аплицирање: 27 февруари 2025
Повеќе на ЛИНКОТ
Пријавете се и бидете дел од промената!
Повик за ангажирање новинар(к)и за „Лице в лице“
Здружението на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на постоечки активности на Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, кои се однесуваат на темата „Известување за дигитални права и слободи“, има потреба од ангажирање на новинар(к)и кои ќе изработат аналитичко-истражувачки содржини.
Новинарите кои ќе бидат вклучени во овие активности ќе имаат задача да продуцираатистражувачко-аналитички стории со кои ќе се документира кршењето на дигиталните права во земјава и ќе се идентификуваат институционалните неуспеси. Во овие содржини, посебен акцент ќе биде ставен на решенија во насока на обезбедување препораки за политики за подобрување на заштитата на дигиталните права. Сториите треба да бидат објавени во перидот од април до јули 2025 година. Се очекува новинарите да бидат ангажирани вкупно 15 дена во периодот од март 2025 до јули 2025.Точниот период на ангажманот ќе биде дефиниран во договор за дело.Понудата треба да се достави електронски, на е-маил адресата: [email protected], најдоцна до 13.02.2025 година, до крајот на денот.Повеќе детали на линкот од Повикот.
Фотографија: Freepik
Барање понуди за илустрации и дизајн на списание „Лице в лице“
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, за потребите на проектите (1) „Промовирање на социјалното менторство како пристап на меѓусекторско партнерство за промоција на вработување на обесправените групи“, (2) „Лице в лице дурбин - медиумски активизам преку креирање приказни кои прават промена“ како и (3) Инклузивни наративи: Проширување на хоризонтите со уличното списание „Лице в лице“, објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти и заинтересирани физички лица, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
Набавувач на услуги: Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје со седиште на ул. Орце Николов 93/5 во Скопје.Предмет на барањето: Барање за илустрации и дизајн на списанието „Лице в лице“Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги. Понудата треба да е во бруто износ во македонски денари за правните субјекти и нето износ за физички лица.
За таа цел би ве замолиле да ни доставите неколку понуди за илустрации и дизајн на списание со следниве спецификации:Понуда 1
Фoрмат - А4
Страни 48 страни внатре + 4 корица
Печат 4/4 фул колор
Понуда 2
Фoрмат - А 4
Страни 72 страни внатре + 4 корица
Печат 4/4 фул колор
Вашите понуди доставете ги најдоцна до 30.12.2024 (петок) на следните мејл адреси: [email protected] и [email protected]
Photo: Freepik
Избор на специјалист за прилагодување на методологија
Во рамки на проектот „CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за промовирање на социјално претприемништво помеѓу младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, во тек е Повик за избор на на специјалист за прилагодување на методологија.Улогата на експертот за прилагодување на методологијата е да учествува во развивањето на делови од образовен курикулум што се однесува на: 1) пракса за развој на системи и воспоставување на организација на учење, следејќи ги методологиите воспоставени од Универзитетот во Масачусетс; и 2) Вработување на маргинализирани групи, со фокус на младите, врз основа на програмата за социјално менторство, верификувана од Центарот за образование на возрасни, што ја разви и ја спроведува Здружението ПАБЛИК на национално и регионално ниво.Повеќе детали за Повикот - на линкот.
Photo: Freepik








