Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“  и Македонскиот институт за медиуми (МИМ),  во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија,  денес (12.2.2016 година), во просториите на МЦМС ги потпишаа првите два договори за специфични акциски грантови на Цивика Мобилитас.

Првиот грант треба да продуцира и објави квалитетни истражувачки стории кои се однесуваат на функционирањето на граѓанското општество во целина, на програмата Цивика мобилитас и на нејзините грантисти. Ќе се воспостави соработка помеѓу граѓанските организации ангажирани во програмата Цивика мобилитас и истражувачките новинари што треба да придонесе да се подобри перцепцијата за граѓанското општество и неговото влијание во постигнување позитивни општествени промени.

Вториот грант ќе го дефинира влијанието на граѓанскиот сектор во пет сектори: социјала, образование, здравство, култура и медиуми, особено на грантистите на Цивика мобилитас. Ќе се зголеми граѓанското вклучување како резултат на подобар пристап на граѓаните до информациите за влијанието на граѓанскиот сектор преку иновативен начин на комуницирање.

Активностите ќе се спроведуваат 24 односно 30 месеци.

Претходни објави (Previous article)Емил Махмутовиќ
Следни објави (Next article)Бездомништвото во Македонија