Фондацијата Фридрих Еберт Македонија, Младиинфо Интернационал, Импакт ХАБ Скопје и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ ве канат на првата Конференција Social Innovators, која ќе се одржи на 5-ти септември 2016 година во киното „Фросина“ во Младинскиот кулутрен центар во Скопје.

Бидете дел од настанот и чујте ги 10-те инспиративни приказни на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија! Настанот започнува во 9 и ќе трае до 17 часот.
Присутните ќе имаат можност да ги чујат инспиративните говори на Матијас Раизингер од „Импакт Хаб Виена“, Карин Лор од уличното списание „БИСС“ од Германија, Јакоб Детеринг од „Социјал маркерт Романија“, Зоран Пуљиќ од Фондација „Мозаик“ од Босна и Херцговина, Барбара Садовска од фондацијата „Барка“ од Полска, Хозе Антонио Моралес од „Аурора коворкинг“ од Словенија, Соња Дакиќ од „Дај дај“, Србија, Јасминко Халиловиќ од „Музеј на детството во време на војна“ од Босна и Херцеговина, Луна Срибар од „Кралеви на улицата“ од Словенија и Климентина Илијевски од „Лице в лице“ од Македонија.

Дел од агендата е панелот насловен „Од иновација до влијание: Вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“, како и промоција на 22. Број на единствентото улично списание во земјава, „Лице в лице“.
На панелот ќе дебатираат Јасмина Поповска од Фондот за иновации на Македонија, Харалд Фугер, австриски Аташе за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи, Јасмина Белчовска – Тасевска, специјалист за социјални иновации од УНДП и Барбара Садовска, како претставничка на ЕПТИСА за проектот „Поттикнување на социјалното претприемаштво во Македонија“. Модератор на панелот е Небојша Илијевски од „Холистик комуникации“.

Конференцијата е поддржана од Проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД Македонија, од Швајцарската агенција за развој и соработка, како и од Пакомак Македонија.

Претходни објави (Previous article)Социјалните претпријатија – можност за работна интеграција на ранливите групи
Следни објави (Next article)Одбрани се организациите со кои конзорциумот на „Медиумски круг“ ги здружува силите за заговарачки активности