фото:pixabay.com

Конзорциумот на „Медиумски круг“ одбра шест невладини грасрут организации со кои ќе ги здружи силите во заговарачки активности кои следат во следниве месеци, особено на оние кои се однесуваат на резултатите од новото мерење на Индексот на клиентелизмот во медиумите.

Добиени се вкупно 23 проектни предлози, а одбрани се проектите на следниве организации: Здружение за промовирање на граѓанското општество, медиумските култури и размена на информации „Трис“ од Хрватска, Здружението „СтарМо“ од Босна и Херцеговина, Граѓански центар на Војводина – ВЦЦ од Србија, Иницијатива за независен културен активизам ИНКА од Македонија и Центар за независно новинарство и Евролајф од Романија.

Одбраните организации, секоја на свој начин ќе имаат активности во насока на подобрување на досегот и влијанието на наодите на проектот „Медиумски круг“, особено на Индексот на клиентелизам во медиумите и сториите на новинарите објавени на порталот „Ферпрес.еу“. При тоа, посебно внимание ќе се посвети на ширењето на резултатите и на текстовите од „Ферпрес“ по пат на социјални мрежи и локални или национални медиуми.

Јавниот повик за доставување на предлог проекти го објавивме на први септември оваа година, а цел ни беа предлози кои ќе одговараат на потребите на заговарачките активности кои се однесуваат на клиентелизам во медиумите, медиумски слободи, етика на медиумите, како и сопствеништво над медиумите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here