Кризата предизвикана од Ковид 19 најмногу ги погоди ранливите групи, но, во исто време, создаде нови ранливи сограѓани.

Сегашната ситуација целосно ја изнесе на површина потребата од изнаоѓање поодржливи активности кои ќе дадат уште посилен фокус кон локалните потреби, производство, кон животот на локалните заедници. Очекувањата се дека по пандемијата, финансиските ефекти ќе бидат многу поголеми споредено со кризата од 2008 година.

Во рамки на закрепнувањето од оваа вонредна состојба, покрај сите ризици, сепак, може да се отворат можности за промени, како: информирање и консултирање на работниците во претпријатијата, промовирање на социјалната и солидарна економија, инклузивно претприемништво. Сите овие концепти може да бидат движечка сила за претпријатијата и индустриските односи.

Токму ова ќе биде тема на претстојната онлајн работилница, „Информирање и консултирање на работниците во социјалната економија – низ перспектива на маргинализираните групи“, чија цел е дискусија за начините на вклучување на работниците во надоаѓачките промени, особено од перспектива на постојните и нови ранливи групи.
Оваа онлајн средба ќе донесе практики, примери, можни решенија од Северна Македонија, Шпанија, Италија и Словенија, со што ќе се зголемат можностите за учење и размена на препорачани искуства.

Срдедбата се реализира во рамки на проектот „Информирање и консултирање на работниците во време на промени“ (WINS), финансиран од Европската комисија, координиран од Шпанската конфедерација на работнички кооперативи (COCETA), а кој Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“  го работи во партнерство со ДИЕСИС мрежата, Конфедерацијата на синдикати на Италија (CISL),  Социјална економија-Словенија (ASES) и Италјанската Федерација на кооперативи (Legacoop Produzione e Servizi).


Анализа на Обединетети нации вели дека по Ковид 19, на глобално ниво, најмалку половина милијарди луѓе ќе бидат во сиромаштија, при што економскиот напредок ќе биде вратен три децении наназад. Дури и во економски поразвиените земји, финансиските пакети и мерки за намалување на последиците од кризата, нема да стигнат до социјално исклучените категории граѓани.
Меѓународната организација на трудот, исто така, обезбедува докази дека пандемијата претставува закана за најмалку 1, 6 милијарди работници во неформалната економија, или, речиси половина од глобалната работна сила.

***

Линк за пријавување на настанот
Линк до агендата

Ден: 29 септември 2021
Време: 10 – 13 ч
Формат: ZOOM работилница
Тема: Информирање и консултирање на работниците во креирањето промени – низ перспектива на постојните и нови ранливи групи, (Worker’s involvement in the changing landscape through the perspective of existing and the emerging vulnerable groups).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here