Иднината на работните места, но, и што донесе пандемијата за бизнисот, како се одрази врз работникот и какво е нејзиното влијание во трансформацијата на работните места.

Ова е главниот фокус на четвртото издание на Форумот на добри компании,  кое годинава ќе се случува преку онлајн платформата „Зум“, на 15 и 16 април во Скопје, (од 10 до 14 часот).

Настанот, кој е од регионален карактер, ќе понуди холистички поглед кон можната трансформативна промена на интерсекцијата – бизнис / институции / граѓанско општество.

Меѓу главните гости говорници ќе бидат менаџери на компаниите „Декатлон“ и „ИКЕА“, но, и истражувачи од Европа, со цел да се фрли светло на опциите преку кои бизнисот може да ја зголеми продуктивноста, компетитивноста, а, во исто време, да направи и промена во општеството.

Лидерот за иновации во „Декатлон Јунајтед“, Чарли Фелгејт, своите искуства и визии за иновациите и бизнисот, ги сподели и пред една година, со почетокот на пандемијата – за изданието на „Лице в лице“, посветено на улогата на социјалната економија во кокреирањето на новиот систем и на иднината.
На претстојниот Форум,  пак, Фелгејт ќе се осврне на пристапот во создавање нови деловни модели, неопходни на економијата после Ковид  19, но, со акцент и на позицијата на највредниот ресурс, луѓето.

Тој верува дека компаниите може да се променат ако луѓето сакаат да се променат. Односно дека е неопходно да се создаде дијалог и емпатија со екосистемот. А за нив, тој екосистем, се и купувачите и вработените.

Говорник на овогодишното издание на Форумот ќе биде и Ан-Софи Гунарсон од „ИКЕА“, Иницијатива за социјални претпријатија, Шведска.

Таа ќе се осврне на природата на работа на социјалните претпријатија, кои, според неа,  размислуваат долгорочно, а не како да го зголемат профитот на нивните сопственици.

На Форумот ќе се отвори и прашањето како социјалното менторство – нетрадиционална иновација инспирирана од социјалните аномалии, се вклопува во иднината на работните места и во одржливиот економски пораст.

Соочени со еколошките предизвици и со неверојатните разлики во распределба на богатството, сите посакуваме да ја видиме светската економија во едно друго светло, вели Небојша Илијевски, контент директор на Форумот на добри компании.

– Светло во кое новиот мајндсет на бизнисите и на другите групи од интерес, како политичките, на пример, ќе сугерираат начин на оперирање што ќе ги адресира постоечките и ќе превенира создавање дополнителни проблеми во светот. Нo, неинтуитивна е промената која е неопходна за светската економија да го заземе овој, нов курс на делување. Во основата на оваа промена не е технологијата, како што би можеле да очекуваме. Напротив, во основата на потребната промена е проманата на индивидуално ниво. Промена на местото од кое сите ние, но, особено донесувачите на одлуки, во пред сѐ деловниот и институционалниот сетап, оперираат, вели Илијевски.

Настанот „Форум на добри компании“ го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ – www.giz.de). За прв пат е инициран 2016 година како настан кој на едно место ги обединува  компаниите, институциите и граѓанскиот сектор, главните засегнати страни за креирање позитивна општествена промена.

Учеството на Форумот е бесплатно.
Линк за регистрација: http://bit.ly/2OVKYyQ

Потврдени говорници:

  • Чарли Фелгејт, лидер за иновации, „Декатлон“, Франција
    • Ан-Софи Гунарсон, „ИКЕА“, Иницијатива за социјални претпријатија, Шведска
    • Анете Скопета, заменик директорка, Европски центар за социјална заштита, Австрија
    • Даниела Зампини, постара специјалистка за вработување, Меѓународна организација на трудот
    • Карел Вандерпортен, претставник на Европска комисија
    • Вим ван Амел, косопственик, „Ај Диверсо“, Белгија
    • Елиах Родман, „My Interview“, Израел
    …и многу други!

    Форумот ќе се одвива на англиски јазик. Обезбеден е симултан превод на македонски, српски и на албански јазик.
    За дополнителни информации контактирајте со нас на следнава адреса: cdgforum@public.org.mk

Претходни објави (Previous article)Онлајн настан на 31 март: Социјалната економија е од суштинско значење за одговор на зголемената невработеност во Ковид 19
Следни објави (Next article)Иднината на работните места – главен фокус на четвртото издание на Форумот на добри компании