Во име на Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ), Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „ПАБЛИК“ го спроведува проектот „Социјално менторство за активација на корисници на гарантирана минимална помош во Република Северна Македонија“.
Целта на проектот е активација на пазарот на трудот/вработување на ранливи лица- корисници на гарантирана мининална помош. Вработувањето се смета како клучна алка и најефективниот пристап во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост. Сепак, одредени категории на граѓани се соочуваат со тешкотии во пристапот до отворениот пазар на труд, како и во задржувањето на работните места.

За таа цел, во рамките на овој повик, ќе бидат селектирани  12-15 социјални ментори од целата територија на Република Северна Македонија од кои се очекува да менторираат најмногу 10 корисници на гарантирана мининална помош, во зависност од нивната достапност и времето што можат да го издвојат за ваков тип на ангажман.

Повеќе детали за Повикот – на линкот.

Заинтересираните кандидати да испратат свое CV и писмо за интерес најдоцна до 5-ти мај 2025 година, на [email protected], со назнака: Апликација за социјален ментор- ГМП корисници.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју и информирани за конечната одлука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here