Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, во партнерство со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), ве поканува да се приклучите на Форумот „Companies doing good“, кој ќе се одржи на 8 мај 2025 година во Скопје, Република Северна Македонија.
Форумот е дел од проектот „Промоција на социјалното менторство како меѓусекторски партнерски пристап за промоција на вработување на маргинализирани групи“, кој има за цел да ги поддржи начините за вработување на ранливи групи преку иновативни пристапи како што е социјалното менторство.
Настанот ќе собере над 100 учесници во живо и дополнителни учесници онлајн, вклучувајќи претставници од бизнис, јавни институции, невладини организации и меѓународни партнери.
Позиции за кои се бараат кандидати:
Асистент за координација на настани
Провајдер на услуги за дигитален маркетинг, брендирање и комуникации
Провајдер на услуги за изработка на веб страница
Клучни активности:
Планирање и организирање на форумот
Дигитален маркетинг и промоција на настанот
Развој и одржување на веб страница за форумот
Краен рок за аплицирање: 27 февруари 2025
Повеќе на ЛИНКОТ
Пријавете се и бидете дел од промената!