Ако сте лице со попреченост кому му е потребна поддршка при процесот на вработување – побарајте го вашиот социјален ментор во „Паблик“.
Можеби познавате некој што има потреба од ваква услуга  – информирајте го!

Доколку сте лице со попреченост и се соочувате со предизвици при наоѓање на работно место или задржување на работата во континуитет, програмата: Социјално менторство за работна интеграција на „Паблик“ е тука да ви ја овозможи неопходната поддршка.

Наша цел е да ви обезбедиме насоки и водство за полесно вклучување на пазарот на труд.

Нашите социјални ментори применуваат холистички пристап и индивидуален приод за да ги откриете своите силни страни.

Вашиот социјален ментор  ќе направи процена на  моменталните работни способности, ќе ве упати на МКФ процена и потоа, заеднички  ќе го  развиете индивидуалниот план за вработување и  развој и ќе добиете поддршка што ќе ви го олесни влегувањето и задржувањето на пазарот на труд.

Нашата програма ќе ви донесе охрабрување во текот на целиот процес, помагајќи ви да се справите со стресот и предизвиците што може да ги сретнете.

Ние ќе посредуваме во воспоставувањето на комуникација со бизнисите кои се заинтересирани за регрутирање нова работна сила, што ќе го олесни процесот на прилагодување и интеграција во работната средина.

Аплицирајте – и стигнете до посакуваната работа!

Ве очекуваме со пријава на телефонскиот број 078 608-517 или на мејлот: [email protected]  

Рокот за пријавување е до 10 август, 2024 година

Photo: Freepik

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here