Завршна конференција во рамки на проектот „Премостување на јазот помеѓу законодавството и практиката при упатување на работниците во странство“, чиј партнер во реализација е и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, ќе биде одржана на деветти ноември, на онлајн платформата Зум, во терминот од 09 до 13.30 часот.
Оваа средба ќе ги обедини сите партнери-учесници за да ги споделат наодите и знаењето добиени во текот на проектните активности, но, и многу засегнати страни и експерти, со цел да се развие дискусија која ќе донесе предлози за позитивни промени во оваа сфера.

Агендата за настанот, кој ќе се одржи на англиски јазик, е достапна на овој линк.

Регистрацијата е до 5 ноември линк.

Претставник и учесник на „Паблик“ на овој настан е истражувачката Александра Илоска, која ќе зборува за практиките и предизвиците на компаниите во процесот на упатување на работниците.


Главна цел на POW-Bridge проектот е да ги идентификува можните јазови помеѓу процедурите (правната основа) и праксата (искуствата) во однос на правилата кои го регулираат упатувањето на работниците во странство, да се идентификуваат предизвиците и да се развијат и споделат ефективни решенија за компаниите и агенциите кои упатуваат работници.
Притоа, посебен фокус беше ставен на предизвиците кои произлегуваат од потенцијалните неусогласености помеѓу ревидираната Директива за упатување на работниците донесена во 2018 година, другите законодавства на ЕУ, како и постоечкото законодавство на национално ниво.

Упатувањето на работниците, всушност, е динамична форма на мобилност на работната сила, која во привлекува значително политичко внимание, особено кога станува збор за појавата на социјална исклученост на упатените работници, рефлектирана во ревидираната верзија на Директивата за упатување на работниците од 2018-та година. Затоа, интенцијата на проектот е, пред сѐ, зајакнување на напорите за имплементација и спроведување на Директивата во инклузивна, партиципативна и транспарентна форма.

Географската покриеност на Pow Bridge проектот е во Австрија, Словенија, Италија, Словачка, Унгарија, Полска, Србија и Северна Македонија.

Повеќе инфо за проектот – на линкот

​Погледнете го видеото кое има улога на практичен водич за упатување на работниците во странство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here