По трите работилници наменети за домашни компании, кои на почетокот на октомври се одржаа во Прилеп, Битола и Струга, на 29-ти октомври во хотел Епинал, во Битола, ќе се одржи полудневен бизнис настан наменет за компании и социјални претпријатија.

Настанот, кој е бесплатен, а чија цел е едукација, подигање на свесноста за потенцијалот на соработката помеѓу традиционалниот и социјалниот бизнис и креирање на можности за деловна соработка, ќе содржи 3 сесии и тоа:

  • Едукативен дел со информации за современите, социјално одговорни модели на бизнис соработка во светот и регионот;
  • Сесија за куси деловни средби (speed dating);
  • Панел дискусија за можностите и предизвиците на деловната соработка помеѓу двата сектора (со претставници од традиционалниот бизнис сектор и социјални претпријатија).

Сите заинтересирани компании можат да пријават свои учесници на следните контакти: [email protected] или на телефоните 075 214 344 и 02 3079 611, и тоа најдоцна до 24ти октомври 2019-та година.

Настанот се организира во рамките на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge), поддржан од ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Албанија и Македонија, имплементиран во партнерство помеѓу ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра Визион Центер и ЦЕЕД Албанија од Албанија.
Двегодишниот проект работи на поддршка на развојот на социјалното претприемништво во пограничните региони на Албанија и Северна Македонија, како и на стимулирање на соработката помеѓу традиционалниот и социјалниот бизнис сектор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here