Оваа недела (од 20-ти до 22ри мај) во Пелагониски и Југозападен регион во Република Северна Македонија се одржуваат менторски средби со индивидуалци, тимови и организации кои во 2018-2019 година беа дел од тренинг програмите на проектот SE-Bridge, имаат идеја за започнување на социјално претпријатие и работат на развој на неговиот бизнис модел.

Менторските средби се одржуваат како продолжение на спроведените петдневни тренинг програми за развој на одржливо социјално претпријатие кои во рамките на проектот се спроведоа во 2018-та и 2019-та година. Во текот на овие 3 дена, повеќе од 30 едночасовни средби се одржуваат во Прилеп, Битола и Струга со тимови кои доаѓаат од овие два региона со цел да им се помогне на кандидатите во развивањето на успешен, остварлив и одржлив модел на социјално претпријатие. Воедно, на овие средби на кандидатите им се помага да подготват успешни апликации за конкурсот за добивање неповратни финансиски средства кој е објавен во рамките на овој проект, и на тој начин да се помогне во реализацијата на нивните идеи.

Исти вакви средби во следните недели ќе се одвиваат и во регионот Дибер во Албанија, наменети за учесниците во проектот од Албанскиот пограничен регион.

Проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE-Bridge) се реализира со финансиска поддршка на Европската унија, преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here