Во рамките на проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис”, во моментов во Битола се одржува обука за развој на апликација за грант и подготовка на презентација за социјални претпријатија, организации, индивидуалци и тимови кои сакаат да започнат социјално претпријатие (или да го развијат постоечкото).
На обуката присуствуваат околу 15 учесници од Битола, Ресен, Дебар и Струга кои беа учесници во овој проект во текот на 2108 и 2019-та година. Тимот на проектот работи со нив со цел да им го олесни пристапот до знаења од областа на социјалното претприемништво и водење бизнис, како и пристапот до финансии потребни за отпочнување/развој на ваков бизнис.
Утре активностите ќе се одвиваат во Прилеп каде што ќе одржи уште една ваква обука за група учесници на проектот кои доаѓаат од Прилеп, Крушево, Кичево, Струга, Охрид и Битола.

Проектот „Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис” кој започна со имплементација пред година и пол, финансиски е поддржан од Европската унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, а имплементиран од ЦЕЕД Македонија и ПАБЛИК од Скопје, и Агритра Визион и ЦЕЕД Албанија од Албанија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here