„Анализа на капацитетите на социјалните претпријатија во Северна Македонија“ е насловот на најновата публикација на Асоцијацијата за истраажување, комуникации и развој, „Паблик“, која опфаќа пресек на состојбата во која се наоѓа моментниот еко систем на социјално претприемништво кај нас.

Студијата потсетува на првите практики на социјалното претприемништво во земјава и упатува на постоењето на различните правни форми на социјални претпријатија кои постојат во македонскит контекст.
Во практика, социјалните претпријатија во земјава имаат хибриден бизнис-модел и притоа приходот од економските активности зависи од правната форма на ентитетот. Речиси 70 проценти од истражуваните социјални претпријатија, покажува студијата, покрај економските, имаат и други активности, кои се проектно ориентирани и се спроведуваат преку грантови. Ентитетите, чијшто примарен фокус е на економски активности, се тие што се регистрирани како друштво со ограничена одговорност (д.о.о.) и д.о.о.е.л. (друштво со ограничена одговорност на едно лице), кооперативите. Претставниците на социјални претпријатија во земјава со кои се реализирани интервјуата, главно, се зависни од странска донаторска помош, односно високи 87,71 проценти работат со грантови од донатори. Постои забележливо отсуство на финансиска поддршка од страна на локалната самоуправа, Владата и од другите јавни институции.

Спроведеното истражување, што е предмет на оваа анализа, потврдува дека постојните социјални претпријатија се соочуваат со многубројни предизвици, кои почнуваат од процесот на регистрација, па сѐ до обезбедување финансиска одржливост, отсуство на човечки капитал и капацитети што ќе ги направат конкурентни на отворениот пазар, отсуство на политичка препознаеност, иновативни финансиски инструменти, како и механизми за поддршка во согласност со фазата на развој во која се наоѓаат.  во насока на зголемување на нивната конкурентност на јавните тендери, во спротивно, предвидените резервирани набавки во новиот Закон за јавни набавки ќе останат неискористена можност и потенцијал. Дополнително, на социјалните претпријатија треба да им се обезбеди пристап до поширок сет услуги, кои ќе овозможат нивна подготовка за инвестиции.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here