Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор?
Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“.
Гостите учесници беа согласни дека импактот кој што го прават граѓанските организации е значителен, но, и дека постои простор за нивно повидливо присуство и влијание.
Всушност, и самото истражување покажа дека долгорочните ефекти од делувањето на граѓанските организации изостануваат поради неподготвеноста на системот и на институциите да ги синтетизираат, односно системски да ги вградат нивните резултати.
Нано Ружин, пак, ректор на Факултетот за политички науки и дипломатија, негува доза скепса за приближувањето на невладиниот сектор кон владата, зошто, како што вели, „таа си има свои интереси“.
– Неопходна е внимателност кон партнерствата во општествата во транзиција. Имаме поголема демократичност, но, мора да сме внимателни. Иако, сметам дека невладиниот сектор е многу важен и силен и на меѓународен план. Граѓанското општество во идинина ќе игра голема улога и во дипломатијата. Станува една од главните компоненти на нашиот живот.
Сѐ уште сме во период кога овој сектор мора да се наметнува и како коректив и како контролор на власта. Но, мислам дека оваа политика сфатила дека граѓанските организации се битен фактор и еден од најзаслужните за промените кои треба да дојдат –
Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, пак нагаласи дека граѓаните ги интересира како се трошат нивните пари, колку луѓе се вработени во јавната администрација, како се плаќаат. Оваа власт има поинаков однос и уважување на ставовите на граѓанските организации. Застанува на страна на вредности како: транспарентност, отчетност, инклузивност, за кои,политичарите не секогаш се свесни, а тука големо влијание има приближувањето на невладинито сектор. Мислам дека сега веќе нема трендови на гушење на криктиката или прикривање на информации, што го крева степенот на одговор на потребите на јавниот интерес- вели Маричиќ. Истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“ е спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.
Претставен Инструментот за мерење на влијание на граѓанските организации врз општествените промени
Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, денес беше претставен и Инструментот за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството.
Целта е да се утврди колку граѓанските активности се ефикасни и колку носат промени.
– Ова е прв обид да се создаде котекстуализиран инструмент кој што го мери општественото влијание во земјава – креиран согласно сликата од добиените податоци од терен – нагласиКлиментина Илијевски, извршна директорка на Асоцијацијата „Паблик“ и објасни дека согласно теренското истражување, граѓанските организации создаваат социјален и интелектуален капитал што се важен ресурс за промена на структурата на системот, преземаат одредени функции од јавните институции, како децентрализацијата на социјалните услуги, што го промени начинот на системската грижа за лицата со посебни потреби и ја хуманизираше нивната интеграција во заедницата.
–И промените кон демократизација и граѓанизација на јавната сфера беа поттикнати од граѓанскиот сектор, а тие станаа и партнери на институциите во спроведувањето на превентивните програми и се доближија до ранливите групи повеќе отколку што тоа им успеа на институциите – рече Илијевски.
Повеќе фотографии од настанот – на линкот.
05.06.2018