Започнат процес за деинституционализација, заживување на локалната културна сцена,унапредување на медиумската писменост, надополнување на образовниот систем преку неформалното образование, партнерство и преземање системски обврски во здравствениот сектор, се само дел од достигнувањата и успесите на граѓанскиот сектор во сферите на социјалата, образованието, медиумите, културата и здравството, покажува истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и разво, „Паблик“.

Но, колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени? Дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници?


Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, создаден е Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството, кој што ќе биде претставен утре, (вторник, 5 јуни) на конференција на која што ќе бидат споделени и резултатите од и
стражувањето спроведено во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“.


Конференцијата ќе се случува во хотел „Солун“, со почеток во 10 часот.


– Општествените феномени имаат многу сложена, а воедно и апстрактна структура која не е едноставна за мерење. Но, ако сакаме да дознаеме дали нашите активности се ефикасни и пожелни, треба да настојуваме да употребиме методологија која е соодветна за тоа. На граѓанските организации им се потребни сознанија кои сегменти од нивното функционирање се корисни и носат промени, а во кои сегменти им е потребно подобрување. Ова ќе го понуди инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени кој што го искреира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – објасни проф. др. Мариа Доневска, координатор на проектниот тим.

Во рами на утрешната конференција ќе се случува и панел дискусијата: „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, а ќе дебатираат Ило Трајковски, професор на Институт за социологија при Филозофски факултет, Нано Ружин, ректор на Факултет за политички науки и дипломатија, Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија, Моника Божиноска, проектна координаторка во „Цивика мобилитас“ и Билјана Петковска, извршна директорка на Македонскиот институт за медиуми.

Модератор на дискусијата ќе биде Небојша Илијевски од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

 

04.06.2018

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here